...„филм за кој е тешко да се зборува без „спојлери“ и едноставно треба да се доживее.“

Темнината на ноќта е потисната од пламените честички на семафорот кој гори. Тивките улици на мирниот поморски град во Чиле, Валпараизо, наскоро ќе бидат заменети со сирените на противпожарните возила, подготвени да го потиснат хаосот создаден од русокосата миленијалка пироман. Првата сцена во „Ема“, најновиот филм на Пабло Ларен, истовремено успева да импресионира и шокира со неверојатната убавина на уништувањето, додека комплетно потиснува било какви очекувања за следните 102 минути. Во последните 5 години, Пабло Ларен ја изгради својата кариера…