Ако очекувате макар еден момент емоционално ослободување во „Асистентката“ на Кити Грин, вашите очекувања би биле незадоволени. Џејн, која дели канцеларија со нејзините колеги, ретко добива заслуги за работата, но често е „заглавена“ со одреден тип на задачи. Кога сопругата на нејзиниот шеф ѕвони на телфон, од Џејн се очекува да ја крене слушалката. „Зошто јас?“ - прашува Џејн и одговорот кој го добива е едноставно кревање на рамениците на нејзините колеги, како сигнал за очигледното - таа е единствената…
„Во тивката драма „Асистентката“ главната улога и припаѓа на Џулија Гарнер („Озарк“) како асистентка во успешна филмска продуцентска куќа.“