Кон „Сосем обична љубов“ во режија на Лиза Барос Ца и Глен Лејбурн, сценарио на Овен МекАферти, кинематографија на Пирс МекГрел Оцена: 4.5/5 Насловот на филмот „Сосем обична љубов“ кој го отворил 64-тото издание на филмскиот фестивал во Корк, Република Ирска, како да кажува сè, но истовремено и многу малку за ова 92 минутно остварување. Приказната е навидум едноставна и тривијална - долгогодишен, хармоничен живот помеѓу двајца средновековни сопружници режиран од луѓе кои самите живеат во брачна заедница. Магијата на…
„Доказ за маестралната целина на филмот е фактот дека гледачот полека дознава за сите трагедии што се случиле во нивните животи, но тоа никогаш не е форсирано, туку напротив, предизвикува надежна, среќна меланхолија.“