„Паралелно на семејната драма која Даскалеску речиси воајеристички ја соголува пред гледачите преку неговата камера, „Светиот татко“ овозможува и да се ѕирне во животот на свештениците кои живеат на Атос и сите тајни што ова свето место ги крие од светот.“

Русокоса девојка со исчекување го набљудува тестот за бременост во домашни услови и по кратко време, возбудено соопштува дека е бремена, гледајќи кон камерата. Набрзо по ваквиот „бурен“ почеток на филмот, гледачот дознава дека русокосата девојка се вика Паула и е во долгогодишна врска со режисерот и снимател, Андреи Даскалеску. Почнувајќи од овој екстремно интимен момент во животите на идните родители, гледачот буквално како да ги гледа најважните настани во следните девет месеци низ очите на режисерот Даскалеску, поради тоа…

„Немањето иднина и неможноста да се побегне од стегите на сиромаштијата се главните теми кои ги обработува Пенета преку две паралелни раскажувачки линии, сместени во Сицилија.“

„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“ - Толстој  Познатиот цитат со кој Толстој го започнува романот „Ана Каренина“ е можеби најдобриот начин да се опише горчливиот вкус во устата кој го остава швајцарско-италијанскиот „Мое тело“. Режисерот Микеле Пенета го фокусира документарецот токму на разликите во животните искуства на двата (несреќни) главни ликови (тинејџерот Оскар и младиот мигрант Стенли), притоа акцентирајќи го фактот дека животот на маргините на општеството е ужасно тежок.…

„Црно-белите архивски снимки, проследени со нарација инспирирана од искуството на огромен број жени кои работеле под белиот окупатор, претставуваат морничава реалност за актот на колонијализам кој денешната западна култура едвај го допира во учебниците по историја.“

Кон „Ме викаат Бабу“ во режија и сценарио на Сандра Берендс Направен налик игран филм „Ме викаат Бабу“ е емпатетична и реалистична приказна за животот на една жена-дадилка во Индонезија, во времето кога таа била под колонијално владеење на Холандија. Црно-белите архивски снимки, проследени со нарација инспирирана од искуството на  огромен број жени кои работеле под белиот окупатор, претставуваат морничава реалност за актот на колонијализам кој денешната западна култура едвај го допира во учебниците по историја. Интересно е дека целиот…

„Од сонограм и концепт ноти, до премиера на претставата и раѓањето на ќерката на Малеон, документарецот одлично прикажува низа деликатни моменти на разочарување од животот, без притоа генералната атмосфера да премине во очај и мелодраматичност.“

Тенка е линијата помеѓу сонограм од очекуваната принова и купче концептуални цртежи за ново уметничко дело кое бара долг период на инкубација и работа за да го види „светлото на денот“. Ова е недвосмислената порака која ја испраќаат режисерите Јанг Сун и С. Леон Чианг во почетните минути од „Нашата временска машина“. Ваквиот едноставен, а ефективен избор на кадри е првиот патоказ за двете испреплетени патувања низ времето, обработени во (релативно кратки) 81 минути. Успешно балансирајќи помеѓу “making of” документарец…

„Добра вест е дека крајниот продукт под режисерската палка на Дејвид Добкин (познат по култниот „Расипувачи на Венчавки“) е забавен, несериозен но сепак целосно реализиран филм кој ако ништо друго ќе предизвика уште поголема нетрпеливост за следното издание на овој европски феномен.“

Кон „Евровизија - Приказна за Огнената Сага“ во режија на Дејвид Добкин, сценарио на Вил Ферел и Ендру Стил, кинематографија на Дени Коен Изборот за најдобра песна на годината во Европа, таканаречен „Евровизија“ е феномен кој му е добро познат на секој жител на нашиот континент. Интересен е фактот што овој настан со текот на годините има еволурирано од едноставна идеја за пријателски натпревар помеѓу државите до мулти-милионска продукција која изобилува со екстраваганца, опулентност и шанса за сите артисти да ги покажат нај(не)креативните перформанси кои потоа се тема на разговор цела година. За жал, поради пандемијата која го опфати целиот свет, манифестацијата која требаше да се одржи овој Мај е откажана. На голема радост на сите фанови, Нетфликс во право време ја издаде најновата комедија во нивниот репертоар која е сместена токму шарениот, весел и секогаш неверојатен свет на Евровизијата. Добра вест е дека крајниот продукт под режисерската палка на Дејвид Добкин (познат по култниот „Расипувачи на Венчавки“) е забавен, несериозен но сепак целосно реализиран филм кој ако ништо друго ќе предизвика уште поголема нетрпеливост за следното издание на овој европски феномен. Ларс (Вил Ферел) и Зигрит (Рејчел МекАдамс) се исландско дуо кое со години има само еден сон - да ја претставуваат својата земја на според нив, најголемото шоу што некогаш постоело. Тие се на некој начин одметници кои не се популарни меѓу своите сограѓани поради нивните наивни карактери и музика која едноставно не е обожавана. Откако домашниот избор за песна на Евровизија завршува со трагедија па фаворитот (американската пејачка Деми Ловато) не е во можност да го претставува Исланд, тие ја добиваат шансата на нивниот живот - да настапат на главниот настан во Шкотска и конечно да пробаат да го реализираат нивниот сон. Што понатаму следи е класична приказна за како надежта, макотрпната работа и неоткажувањето водат кон личен триумф. Сценариото на Вил Ферел и Ендру Стил изобилува со класични комични моменти кои предизвикуваат лесна смеа но и…