„Комплексноста на улогите не претставува пречка за членовите на актерската екипа, кои без никаков проблем се трансформираат во личности кои буквално живеат во друга димензија.“

Оцена: 10/10 Сите барем еднаш, ако не и повеќепати имаат слушнато некоја верзија на приказната  за животот на членовите од британското кралско семејство. Но, главниот извор на информациите секогаш биле најразличните медиуми, преку кои не може да се очекува да се осознае нешто вистинско за нив, токму поради шоуто, кое тие го изведуваат сокриени зад маската на беспрекорот, додека камерите се вперени кон нив. Како и да е, неодамна на телевизиската сцена беше разоткриено она кое се случува зад портите на…

„Во тивката драма „Асистентката“ главната улога и припаѓа на Џулија Гарнер („Озарк“) како асистентка во успешна филмска продуцентска куќа.“

Ако очекувате макар еден момент емоционално ослободување во „Асистентката“ на Кити Грин, вашите очекувања би биле незадоволени. Џејн, која дели канцеларија со нејзините колеги, ретко добива заслуги за работата, но често е „заглавена“ со одреден тип на задачи. Кога сопругата на нејзиниот шеф ѕвони на телфон, од Џејн се очекува да ја крене слушалката. „Зошто јас?“ - прашува Џејн и одговорот кој го добива е едноставно кревање на рамениците на нејзините колеги, како сигнал за очигледното - таа е единствената…

...„нуди потенцијал да ја обземе публиката од сите возрасти и да ѝ овозможи едно поинакво доживување, само потребно е да му се даде шанса.“

Кон краткиот филм „Ситара: Дозволете им на девојките да сонуваат“.Оцена: 9/10 Додека едниот дел од светот на сиот свој глас се бори за жената и нејзините права, останатиот дел заборава дека воопшто има глас во себе и кукавички ѝ ја одзема слободата. Но честопати се случува да се заборави дека она коешто за нас претставува вообичаено секојдневие, за некое младо девојче далеку од нас е нешто со кое може да се здобие само на сон. Токму анимираниот филм на Шармин…

Во соработка со хрватската платформа Duart, ви носиме листа на 5 филмски титлови, веќе излезени во 2020 кои вредат да се погледнат!

Независни продукции од првите три месеци на 2020 кои вреди да се погледнат Кината се сè уште затворени, но постојат многу филмови од последниве неколку години кои вреди да се изгледаат. Овој пат ви претставуваме ТОП 5 независни филмови кои се издадени во 2020! 5. „Девојката со коњот“ од Џеф Баена Сара е социјално повлечена девојка која работи во занаетчиска продавница. Таа е обожавател на фантастичната драматична серија „Чистилиште“, оди на часови по аеробик и редовно го посетува коњот кој…

"Во најмала рака филмот е класична, помалку заборавлива адаптација на биографија која хронолошки ги следи сите настани по сите наративни правила и норми. Сепак, тоа не го менува фактот дека овој филм би можел да носи поголема длабочина ако не го потценува гледачот во неговата перцепција."

Кон „Радиоактивна“ во режија на Марјане Сатрапи, сценарио од Џек Торн, кинематографија на Ентони Дод Мантл Оцена: 2.5/5 Марија Кири-Склодовска, полски научник која е изучувана во училишниот курикулум во скоро сите земји во светот, е веројатно најпрепознатливиот лик во популарната култура за жени во модерната наука. Таа е пионер во изучувањето на радиоактивноста и открила два нови елементи, првиот човек и единствената жена која ја добила Нобеловата награда два пати и единствената личност која добила Нобелови награди за две различни…