Кон „Портрет на дамата во огнот“, сценарио и режија на Селин Сјама, кинематографија на Клер Матон Веќе е 2020, но борбата за женски приказни раскажани од жени продолжува. Успехот на „Тие се бомби“ кој брои целосно машки тим ни го покажува токму тоа - сѐ уште е тешко да се излезе од таа „кутија“ каде доминантната перспектива е машка. Затоа „Портрет на дамата во огнот“ на француската филмаџика Селин Сјама е огромно освежување и чекор напред во борбата за видливоста…
Тимот од Сјама-Матон успева во хет-трик на сценарио, режија и кинематографија кои се совршено синхронизирани во заедничка игра со динамичен и интензивен климакс.