„Накитена со 6 номинации за Оскар, не е оптимистичко предвидување дека оваа 137 минутна продукција на „Нетфликс“ ќе биде зборувана и препорачувана со години нанапред поради интелегентното, остроумно и срцекршачко сценарио и „мастеркласот“ на глума од Адам Драјвер и Скарлет Јохансон.“

Кон „Брачна Приказна“ во режија и сценарио на Ноа Бомбех, кинематографија на Роби Рајан „Брачна Приказна“ е совршено мал, интимен, интензивен филм кој го заслужува секое признание кое може да биде дадено за целосната продукција и екипа. Ова е несомнено храбар исказ во било која смисла, не само како почеток на рецензија излезена од умот на еден човек. Сепак, Ноа Бомбех како да навлегол во архивите на сопствената свесност, чувства и животни искуства за да создаде скапоцен дијамант како круна…

....„магична трагедија која вреди да биде последна во низата на еден значаен мајстор.“

Оцена: 5/5 Британскиот филозоф Бертранд Расел за една од опасностите која треба да се заштити во староста: „Непотребна апсорпција во минатото. Не треба да се живее во спомени, во жалење за старите добри денови или во тага за пријателите што се мртви“. Тематската формула која го движи „Ирецот“, новиот филм на Мартин Скорсезе, црпи инспирација од оваа филозофска мисла. Оттаму, не е тешко да се забележи потребата на Скорсезе, Роберт ДеНиро, Џо Пеши и Ал Пачино, во нивните доцни 70-ти…

"Сама по себе идејата е многу храбра, иако се граничи со етиката околу пристојноста и добриот вкус. Тогаш се поставува прашање, дали оваа смела продукција вреди? И да, и не."

Кон „Зајакот Џоџо“ во режија и сценарио на Тајка Ваитити, кинематографија на Михаи Малаимар Тајка Ваитити ненадејно се прослави во 2014 година со неверојатниот мокументарец „Што правиме во сенките?“, и од тогаш до ден денес се чини дека неговиот бренд на хумор е баран насекаде. Неговата брилијантност ја „живна“ и најслабата трилогија од Марвел филмовите, оние за богот на грмотевицата Тор, и направи од Крис Хемсворт неочекувана комична сензација. Сепак, неговото најново остварување „Зајакот Џоџо“ (кој патем се закити со…

...„хероините во центарот на приказната како да се таму само за да им се случуваат непријатни нешта, по што се турнати на маргините на филмското дејство, без многу анализа на нивните страдања. “

Оцена: 2/5 Кога ќе ги погледнете синопсисот за „Тие се бомби“ и постерот со трите (морничаво слични) главни актерки, веројатно првата мисла што ќе ви падне на ум ќе биде „Овој филм е посветен на женските искуства со родово базирано насилство“. Она што недостасува за реченицата да е целосно точна е „прикажани од машка гледна точка“. „Тие се бомби“ има многу поголем проблем од фактот дека зад сценариото и режијата на филмот се потпишуваат двајца мажи (Чарлс Рандолф и Џеј…

"Во овој филм, може да се видат скоро сите теми кои Полански го дефинираат како автор. Ние сме приказните кои ги раскажуваме. Еврејското наследство, бурниот живот, прогонството се сите дел од животот на самиот автор."

режисер: Роман Полански сценарио: Роман Полански и Роберт Харис улоги: Жан Дуражен, Луис Гарел директор на фотографија: Павел Еделман Во современата човечка историја сведоци сме на настани кои секојдневно се случуваат, а на кои дури нашите наследници би им ги виделе последиците. Аферата Драјфус е првата политичка афера која го поларизира општеството до толкава мера што на залезот на 19 и почетокот на 20 век дава еден увид во тоа како политиката може да ги подели луѓето. Историската драма или…