...„акциона драма за амбициозен помлад соработник во Хашкиот трибунал во потрага по клучниот сведок во судски процес против обвинет за воени злосторства.“

Кон „Сведок“ на Митко Панов „Сведок“ е последниот филм на македонскиот режисер Митко Панов од неговиот филмски циклус посветен на по-југословенските војни, 1991 - 2001. Пред „Сведок“, Панов ги режираше „Војната заврши“ и „Јарани“. Последното остварување на Панов е акциона драма за амбициозен помлад соработник во Хашкиот трибунал во потрага по клучниот сведок во судски процес против обвинет за воени злосторства. Документарниот дел на почетокот му ги дава потребните предзнаења на гледачот за темата на филмот. Документарните кадри претставуваат темел…

Тимот од Сјама-Матон успева во хет-трик на сценарио, режија и кинематографија кои се совршено синхронизирани во заедничка игра со динамичен и интензивен климакс.

Кон „Портрет на дамата во огнот“, сценарио и режија на Селин Сјама, кинематографија на Клер Матон Веќе е 2020, но борбата за женски приказни раскажани од жени продолжува. Успехот на „Тие се бомби“ кој брои целосно машки тим ни го покажува токму тоа - сѐ уште е тешко да се излезе од таа „кутија“ каде доминантната перспектива е машка. Затоа „Портрет на дамата во огнот“ на француската филмаџика Селин Сјама е огромно освежување и чекор напред во борбата за видливоста…

"Филмот е ехо на класичната анимација од деведесеттите години на Дизни, како и дело кое се цементира оваа година како празничен класик. Номиниран за Оскар за најдобар анимиран филм. "

режиja: Серхио Паблос; сценарио: Серхио Паблос, Зек Луис, Џим Махони; улоги: Џејсон Шварцман, Џ. К. Симонс, Рашида Џоунс Од многуте приказни за Нова Година и празничната зимска сезона, најмногу отстапува онаа за Дедо Мраз. Во 2019 ја видовме т. н.  приказна за потеклото (origin story) на еден стриповски негативец - Џокер, но Серхио Паблос реши да направи исто таква приказна за Дедо Мраз која помалку беше  експонирана поради тоа што е во форма на анимиран филм. Во една крајно човечка,…

"Она што е интересно за ,,Нож во грб” е дека е филм за кој има увереност дека гледачот некаде, некогаш го гледал, но моментот кога тој ќе стане премногу предвдлив, ги превртува нашите очекувања со една нова свежа перспектива на архетипите на крими и ,,whodunit” жанрот".

Режиja и сценарио: Рајан Џонсон Улоги: Даниел Крег, Кристофер Пламер, Ана де Армас Директор на фотографија: Стив Једлин Жанрот што  последниве неколку децении паѓа во сенка на својата златна ера од 30 до 50 години на Холивуд е крими трилерот или филм ноарот (црн филм). Многу од филмовите пo оваа хиперпродукција на жанрот сепак повторно си завземаат достојно место под термиот ,,нео ноар”(нов црн филм) како што се ,,Доверливо од ЛА” или ,,Кинески кварт” кои многу критичари ги сметаат за…

„Гледајќи на овој филм како седма по ред адаптација на книгата на Алкот, Гервиг уште еднаш успеа да изрежира една драма која го прикажува периодот по големиот американски внатрешен судир.“

Кон филмот „Малите жени“ во режија и по сценарио на Грета Гервиг, по истоимената книга на Лујза Меј Алкот, музика на Александар Десплат, главни улоги на С. Ронан, Е. Вотсон, Ф. Пуг, Е. Сканлен, Т. Халамет, Л. Дерн, Л. Гарел... Американската драма „Малите жени“ е базирана на истоимената книга која го опишува животот на четирите сестри, Џо, Мег, Бет и Ејми по Граѓанската војна во Америка. Гледајќи на овој филм како седма по ред адаптација на книгата на Алкот, Гервиг…

"Оваа приказна за животот за време на овие немири, пријателството и силната желба да се одбрани татковината е еден голем доказ дека војната нема граници, ниту пак правила и секој ја игра играта на свој сопствен начин."

„1917“- Воена драма, 10 јануари 2020 Лондон Режија: Сем Мендес   Сценарио: Сем Мендес и Кристи Вилсон  Кинематографија: Роџер Дикенс Актери: Чарлс-Дин Чампан, Џорџ Мекеј, Даниел Мејс, Пип Картер, Енди Аполо, Колин Фирт, Паул Тинто, Бенедикт Камбербеч, Ричард Мејден... Сем Мендес преку својот нов филмски бисер нè навраќа во далечната 1917, на фронтот на Велика Британија и Германија, каде веќе се наближува крајот на Големата војна. Оваа приказна за животот за време на овие немири, пријателството и силната желба да…

...„реалистичноста на филмот е во неочекувано добар баланс со претенциозната апстрактност во епски размери.“

Оцена: 4/5 „Светилникот“ е еден од оние филмови кои жанровски тешко се класифицираат. Некаде помеѓу хумористична хорор фантазија и психолошки трилер на тема халуцинации и делузии, вториот долгометражен филм на Роберт Егерс (кој се прослави со „Вештерката“) се карактеризира со технички беспрекорно изведена атмосфера и помпезни амбиции за создавање на едно митско дело. Егерс како да сакал да направи школски пример за максимално искористување на парадигмата на изолирани карактери кои не можат да ја напуштат локацијата на која се наоѓаат,…

...„говори за својата големина и внатрешно - преку пораката која ни ја испраќа и надворешно - преку успехот кој го остварува.“

режиja: Тамара Котевска и Љубомир Стефановдиректор на фотографија: Самир Љума и Фејми Даутмонтажа: Атанас Георгиев Филмот е моќна алатка. Во 2020 година ова важи повеќе од кога било, затоа што претходната година докажа колку филмското дело може да има влијание врз општеството и поединецот. Изминатиов период се воочи дека филм од скромната македонска кинематографска продукција се лансираше да биде набљудуван низ светските кулоари. Во последниве пет години се забележува исклучително подобрување на квалитетот во македонската кинематографија, така што успесите на…

„Скалилата во филмот се основното изразно средство на Џун-Хо кој често користи и музика за да долови одредени комични ефекти од плановите и триковите кои Ким ги користат за да ги надмудрат Парк.“

Режиja: Бонг Џoн-ХоСценарио: Бонг Џoн-Хо, Хан Џин-ВонУлоги: Сонг Канг-Хо, Ли Сун-Кјун, Чо Јео-ЈеонгДиректор на фотографија: Хонг Кјун-Пјо На секоја листа на најдобри филмови за изминатата година се забележува едно многу едноставно и впечатливо име - ,,Паразит”!  Тој во себе ја има познатата источна естетика, а тоа е естетиката на насилството помешана со еден многу свеж и допадлив хумор кој наликува на шпанските филмски комедии од 20 век. ,,Паразит” деконструира една многу позната филмска тема, која својот врв го доживува во…

„Накитена со 6 номинации за Оскар, не е оптимистичко предвидување дека оваа 137 минутна продукција на „Нетфликс“ ќе биде зборувана и препорачувана со години нанапред поради интелегентното, остроумно и срцекршачко сценарио и „мастеркласот“ на глума од Адам Драјвер и Скарлет Јохансон.“

Кон „Брачна Приказна“ во режија и сценарио на Ноа Бомбех, кинематографија на Роби Рајан „Брачна Приказна“ е совршено мал, интимен, интензивен филм кој го заслужува секое признание кое може да биде дадено за целосната продукција и екипа. Ова е несомнено храбар исказ во било која смисла, не само како почеток на рецензија излезена од умот на еден човек. Сепак, Ноа Бомбех како да навлегол во архивите на сопствената свесност, чувства и животни искуства за да создаде скапоцен дијамант како круна…