Новогодишен осврт: Што ни остави најголем впечаток годинава?

Без да се ограничуваме на точна бројка препораки ниту пак на одреден тип на визуелна уметност, стигнавме до моменталната листа која вклучува од сѐ по нешто!

Пред неколку недели, тргнавме од една релативно едноставна идеја: наместо да правиме топ листи, одлучивме да споделиме препораки избрани од редовните пишувачи за Гледај.мк. Со желба да ги истакнеме различните вкусови во тимот, се договоривме дека секој од нас ќе издвои по неколку работи што ги гледал годинава и на кратко ќе објасни зошто му оставиле најголем впечаток. Без да се ограничуваме на точна бројка препораки ниту пак на одреден тип на визуелна уметност, стигнавме до моменталната листа која вклучува од сѐ по нешто – од филмови и театарски претстави, до серии и аниме.

Во овој новогодишен осврт на Гледај.мк, Бојана Исијанин одбра три филмови и една претстава кои ја инспирирале на дополнително истражување. За Петра Бранковска, 2019-та ја обележа еклектичен избор од пет филмови и пет серии. Филип Мишов и Евгенија Арсова издвоија по три филмови кои им оставиле најмногу впечаток, а Јована Ѓорѓиовска се обиде да ја сумира годината преку комбинација од препораки за филмови, претстави, серии и анимиња.

Кликнете на имињата за посебните листи и изберете што да гледате за време на празничниот одмор! 😉

Тимот на Гледај.мк

Have your say