...„има концепт, но целиот плод е осуден на билион интерпретации од кои повеќето се грешни, а бараат посебни објаснувања чии одговори ни самиот автор не ги знае. “

Кон „Суспириа“ во режија на Лука Гуадањино, сценарио на Дејвид Кајганич, кинематографија на Сајомбу Мукдепром. Оцена: 4/5. Дарио Аргенто, еден од највлијателните личности во историјата на хорор филмот е авторот кој стои зад оригиналниот „Суспириа“ од 1977 година. Според него, 152 минутниот “римејк“ на италијанскиот режисер Лука Гуадањино го предал духот на оригиналното дело, не содржел никакви елементи на страв ниту музика. Нападниот колоринг и острата кинематографија кои го одликуваат првиот филм не се дел од визијата на помладиот италијански…