„Хонка и другите “неработници” не се неуморни, тие не трагаат по ништо, задоволни се со она што го имаат, ако го имаат. Тоа се изнемоштени ликови кај кои вистинските шанси за подобрување се недостижни, ликови кои не умеат да замислат некои повозвишени идеали. “

Кон филмот „Златната ракавица” во режија на Фатих Акин, по сценарио на Фатих Акин и Хајнз Штрунк и кинематографија на Рајнер Клаусман; улоги: Јонас Даслер, Маргарет Тизел, Катја Штуд, Грета Софи Шмид „Има солза на патот која сака да патува со мене...”(“Es geht eine Träne auf Reisen, sie geht auf die Reise zu mir…”) Композиција на ликови кои се присутни и постојат, а нам не многу блиски и стварни - тоа е темата која резултираше од повторната соработка на Фатих…