„Импресивна е вистинскиот збор со кој може да се опише актерската игра. Секој момент е значаен, бидејќи видливо е дека глумците биле целосно соединети со своите улоги.“

Режија: Делфин Лерисе; Сценарио: Жоан Гигер; Директор на фотографија: Кристоф Бокарн; Улоги: Летиција Каста, Клеменс Поеси, Лук Бруше, Патрик Дескам Оцена: 8/10 Приказна временски далечна на сегашноста, а суштински толку блиска е раскажана во мистичната драма „Зад хоризонтот“. Тринаесетгодишниот Гус (Лук Бурше) е дете израснато во седумдесеттите. Тој ужива живеејќи безгрижен живот далеку од бучавата на големите француски метрополи, во едно село заедно со своите најблиски. На летните жештини им нема крај, но тоа не претставува никаков проблем за Гус.…