...„комплетно филмско остварување и редок производ во кој еден човек има јасна визија и безгрешно твори.“

Оцена: 5/5 „Рома“ е црнобел долгометражен игран филм, интензивна хибрид траги-комедија на мексиканскиот филмски уметник Алфонсо Куарон. Режисерот на култните „И мајка ти исто така“ и „Човечки синови“, овојпат целосно управува со диригентската палка во улогите на продуцент, режисер, сценарист и директор на фотографија. Оскаровецот создава оригинално, лично и емотивно сценарио базирано на вистински настани кое се издвојува како зенит во неговата богата кариера. Сценаристот, приказната на „Рома“ ја фокусира околу животната орбита на куќната помошничка Клео, чиј лик е…

...„суптилно, скромно, но застрашувачки моќно дело кое ги отфрла сите етикети за да биде најдобриот филм во 2018 година.“

Кон „Горење“ во режија на Чанг-Донг Ли, сценарио на Јунгми О и Чанг-Донг Ли, кинематографија на Јунг-По Хонг. Оцена: 5/5 Корејското режисерско „свето тројство“ од Чан-Вук Парк, Јон-Ху Бонг и Ји-Вун Ким го популаризираат модерниот корејски филм со години преку ремек дела како „Олдбој“ и „Домаќин“ кои длабоко навлегуваат во човековите перверзии и природа. „Горење“ е многу силен кандидат за промена на членството во тој колектив - Чанг-Донг Ли успеал во 148 минути маестрално да раскаже приказна за одмазда, социјалните…

...„вкусот во устата по филмот е силен и горлив, како што најверојатно и целел Столевски.'

„Види ја ти неа“ на режисерот Горан Столевски гради директен и остар коментар за бременот кој традиционалното општество го товари врз маргинализираните. Анета (Сара Климоска) е средношколка која е подложена на навреди од своите соученици поради својата сексуална ориентација. Откако автомобил ќе го прегази нејзиниот телефон, таа наоѓа неочекувано решение за тоа како да добие нов – скокајќи по крстот за време на празникот Водици. Ова предизвикува низа на негативни реакции во нејзината околина. Климоска е главниот стожер на филмот,…