„Поривот да се биде пореален е исто така акцентиран и со фактот дека Садат користи непрофесионални актери кои даваат посебен шарм на приказната која сака да биде што побрутално реална, а истовремено и забавна.“

режисер и сценарист: Шахарбано Садат улоги: Квадратула Кадири, Седика Расули, Месихула Феражидиректор на фотографија: Виргини Сурдеј Децата се тема на истражување на многу филмови, посебно во приказни каде што политиката и светот на возрасните ја уништуваат нивата детска невиност. ,,Сиропиталиштето” е вториот долгометражен игран филм на талентираната млада авганистанска режисерка Шахарбано Сaдат (29). Првиот нејзин филм исто така не поканува да гледаме на работите низ детските очи, што се чини би требало да биде лајтмотив во целото нејзино идно творештво…