Џејмс Греј во својот најнов, седми игран филм ги користи целестијалните тела како придружници на вистинската ѕвезда - скршената врска помеѓу еден татко и син.

Кон „Ад Астра“ во режија на Џејмс Греј; Сценарио: Џејмс Греј и Етан Грос; Директор на фотографија: Хојте Ван Хојтема . До ѕвездите и назад. Стравот од помислата дека ресурсите на Земјата се лимитирани и со радикалниот пораст на популацијата нема да бидат доволни е оправдан. Човековата љубопитност и жед за знаење и истражување нови светови е исто така моќен фактор кој има инспирирано огромен дел од филмскиот опус на научната фантастика. Патот во вселената е веќе суб-категорија во филмските…

„Моќен, прецизен, вознемирувачки, егзистенцијално страшен се првите асоцијации за „Џокер“ кој поставува замки и лудува од емоции.“

Искачувањето на високите, стрмни скали е протокол до угнетеното секојдневие и продлабочување на растројството на Артур Флек (Х. Феникс). Принуден кловн, а мечтателен сонувач со желба да изнуди внимание и насмевка како стенд ап комичар кој долго и трпеливо ги чека неговите пет минути слава. Од имагинација до реалност, идолите и соништата брзо се уриваат и туркаат до бездната на психолошка ескалација... Моќен, прецизен, вознемирувачки, егзистенцијално страшен се првите асоцијации за „Џокер“ кој поставува замки и лудува од емоции. Авторите…