„Решавање филозофски дилеми во дневна соба е лајтмотивот зад успехот на ,,The Good Place”, серија од која гледачите повеќе можат да научат отколку да се насмеат. “

,,Никој не ги сака професорите по морал и етика.” – оваа реченица која ја кажува еден од главните ликови во серијата, Чиди Анагонје, универзитетски професор по морал и етика од Австралија, навистина дава увид во целокупниот заплет на интелектуалната и филозофска комедија на Мајкл Шур, еден од сценаристите на култната серија ,,The Office” со Стив Карел и креаторот на серијата ,,Parks and Recreation”. За разлика од претходно споменатите серии, ,,The Good Place” става помал акцент на хуморот (иако тој е…

„Освен потенцијалната симболика на боите и задоволството од естетиката, целиот изглед само ја зајакнува надреалната атмосфера на филмот. “

Во нејзиниот прв долгометражен филм, Ена Сендијаревиќ нѐ носи на место кое можеби не е толку убаво, но визуелно воодушевува. „Однеси ме на некое убаво место“ на босанската режисерка порасната во Холандија ја доби Специјалната награда од Жирито на годинешниот Интернационален Филмски Фестивал во Ротердам, а ја имаше својата регионална премиера на 25-тото издание на Сараевскиот Филмски Фестивал.  Микс од патувачки филм и приказна за созревање, „Однеси ме на некое убаво место“ ја следи Алма (Сара Луна Зориќ) која е…

...„Билењки додава вознемирувачки детали на „замрзнатиот“ гламур на високата средна класа.“

Во „Татко“ (2019) една тинејџерка живее во куќа на планина каде што на гости доаѓа нејзината постара сестра. Додека зборуваат за секојдневни нешта, помладата признава дека во текот на целото лето јадела само замрзната храна. Овој коментар лесно може да се примени и на жанровски „замрзнатите“ филмови кои ги продуцира индустријата - во последните години најчесто станува збор за летни блокбастери, но жанровски „замрзнатите“ филмови се еднакво стари колку и Холивуд, иако до сега многупати ги имаат менувано имињата. Младиот…