...„сериозна монодрама во која актерката со својот огромен потенцијал ги вади океанските длабочини на внатрешното битие распострирајќи го низ неколку кратки темати – машко-женските односи, родителите, пријателите, лекарот и системот, воопшто, кои пак се драматуршки поставени како интермеца меѓу сличните парчиња од драмата на Кејн. “

(За монодрамата „Океанот“, според мотиви на „Психоза 4:48“ од Сара Кејн, во режија на Драгана Гунин, изведба на Симона Димковска, Кино Култура, 10.10.2019) Браво Симона! Обично вака не се пишуваат рецензии. Обично рецензентот треба прво да прикаже зошто дава некаква оценка на претставата. Меѓутоа, ова не е обична претстава и ова не е вообичаена актерска изведба. „Океанот“ е претстава (тематски премиерно изведена на Денот на менталното здравје) која ве носи брановито низ сите слоеви и на личноста која ја прикажува…

„Колку што е тематскиот концепт смел, толку е неговата наративна егзекуција површна.“

Автор: Владимир Ѓурѓевиќ; режисер: Синиша Евтимов; Македонски народен театар (16.09.2019) Кoга знаеш дека си претерал  со кладење? Според насловот на претставата, буквално секој пат кога се кладиш на Енглези, ама  дефинитивно најкритично е кога веќе не ги ни гледаш натпреварите што си ги играл. Поставувајќи ги своите ликови (сериски обложувачи) пред лаптоп со вклучен телетекст, наместо пред телевизор, Не се клади на Енглези од старт дава до знаење дека нема да има ни трошка милост за објектот што го третира:…

„Преку истовремено користење на отуѓување и реалистичност во нејзината режија, Тановиќ гради нестабилна нарација која изгледа неодлучно - нејзините наративни одлуки не помагаат во градењето на врските помеѓу минатото и сегашноста.“

Најновиот долгометражен филм на босанската режисерка Инес Тановиќ, насловен „Син“, ја имаше својата светска премиера во рамките на натпреварувачката програма на 25-тото издание на Сараевскиот филмски фестивал. Одлуката фестивалот да го отвори токму „Син“ не е случајна - краткометражните филмови и документарците на Тановиќ се добро познати во нејзината татковина. Во 2015 година, нејзиниот долгометражен филм „Наша секојдневна приказна“ беше тематски фокусиран на семејството, слично на „Син“.  Најновиот филм на Тановиќ започнува со неколку сцени на улица. Главниот лик, младиот…