...„полека, но сигурно гради виор од емоции, нагласувајќи состојба на безизлезност од сопствената слепа уличка.“

Во соработка со Beach Film Festival организиравме работилница за филмска критика наменета за средношколци. Ова е една од рецензиите напишани на работилницата. Оцена 10/10 Надреалистичниот краткометражен филм на Крсте Господиновски „Готлиб“ е интересно искуство кое на секоја индивидуа ѝ нуди можност филмската уметност да ја искористи со цел подобрување на својата личност. Филмот ја прикажува осаменоста на уникатен начин. Приказната се одвива брзо и го вовлекува гледачот во животот на протагонистот по кого е именуван филмот (Готлиб всушност значи љубител…

...„модерно олицетворение на експерименталниот пристап кон важни општествени теми во магичната лабораторија наречена театар.“

Кон перформансот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ кој го отвори 44-тото издание на фестивалот „Млад отворен театар“. Автор: Филип Јовановски, куратор: Ивана Васева, продукција: Музеј на Град Скопје, игра Кристина Леловац. Перформансот ја доби главната награда „Златна Трига“ на годинешното Прашко квадриенале за перформанс, дизајн и простор. Како може да се употреби уметноста за поттикнување на граѓанска активност и директно учество во општествените процеси? Има ли нешто што може да се научи од минатото, освен горчина и вознемирувачки детали? Како да…