...„јасно ја пренесува пораката за недостигот на емпатија меѓу луѓето.“

Во соработка со Beach Film Festival организиравме работилница за филмска критика наменета за средношколци. Ова е една од рецензиите напишани на работилницата. Кон “Јас не сум Игор” во режија на Сергеј Георгиев.Оцена:5/5 Недостатокот на меѓусебно разбирање е во коренот на проблемите во општеството. Дали можеме да дознаеме како навистина се чувствува една група во општеството која е означена како различна? Дали некогаш можеме да искусиме како е да сме на другата страна од приказната? Зошто ни недостига емпатија за луѓето…

...„филм кој го заробува вниманието на гледачот од првата до последната секунда.“

Во соработка со Beach Film Festival организиравме работилница за филмска критика наменета за средношколци. Ова е една од рецензиите напишани на работилницата. Оцена: 8/10 Секој човек има вроден инстинкт да го осознава она кое му е непознато, тоа е, во суштина, единствената причина за напредокот на човештвото. Но отсекогаш постоеле оние мистериозни полиња од животот кои човекот нема да успее да си ги објасни, бидејќи сечиј ум има уникатен начин на кој ќе ги сфати и доживее. Режисерот Агим Абдула…

...„јасна тема и идеја, пропратена со голем број детали кои го конкретизираат главното дејство и помагаат за негово разјаснување.“

Во соработка со Beach Film Festival организиравме работилница за филмска критика наменета за средношколци. Ова е една од рецензиите напишани на работилницата. Кон краткометражниот македонски филм “Јас не сум Игор”, во режија и по сценарио на Сергеј Ѓеоргиев, музика на Ади и Дино Имери, улоги: Стефан Спасов, Томислав Давидовски, Мартин Минговски, Чедомир Митевски, Марија Новак, Драган Довлев, Ељеса Касо, Душица Тренева, Сара Новак, Сара Дамчевска, Давор Чурилов. Оцена: 4/5 Ерих Фром, германски философ и психоаналитичар, вака ја третира една од…

...„еден од неговите најсмирени филмови бидејќи во дваесет и седмата година од неговата кариера, ова „мемориско парче“ ги отсликува зрелите инструменти на неговиот филмски инкубатор. “

Откако „Си било еднаш во... Холивуд”, деветтиот филм на Квентин Тарантино, ја доби својата светска премиера, во исто време ја раздели историјата на две парчиња. Во вистинската историја „шеесеттите” нагло завршија со кошмарното убиство на една глумица и нејзините четири пријатели од членови на Мансоновата комуна. Во Тарантиновата историја, одмаздата е главен двигател на бајката која следи. Таму, „Аут оф Тајм“ од Ролинг Стоунс свири на радиото во еден од многуте „олдтајмери“ кои возат на булеварот „Сансет“ каде во 1969…