„Краткиот документарен филм содржи поетска димензија во која авторот сам себеси се преиспитува зошто е толку приврзан со пејзажното место, кое освен што плени со мир, ужива и во позитивната енергија на Бразилците кои знаат да пронајдат светла точка во секое сивило преку нивната музика, насмевка и љубов кон фудбалската игра.“

Оцена: 6.5/10 Во свет исполнет со стереотипи, предрасуди, рестрикции, притисоци и (не)пишани правила сите делиме иста орбита во која не чувствуваме граници и ни е дозволено апсолутно сè, сонот! Мизерикоридија е мала област на брегот на Атлантскиот Океан во Бразил при островот Итапарика. Мало мирно место изолирано од современата технологија и жители со големи соништа во кои посегнуваат по небото, а целат кон ѕвездите. Шпанскиот режисер Ксавиер Марадеш во Мизерикоридија со камерата трага низ соновите и животните приказни на пет…

„Воглавно разговорот за овој филм може да се води низ две призми, едната е извонредната слоевита приказна која преминува од филм во филм во флешбек и обратно, каде Тарантино комуницира со нас на неколку нивоа на мета-нарација градејќи ги ликовите и кулминацијата која нужно произлегува од нивните односи..“

Она што Холивуд најмногу сака да го прави е да зборува за самиот себе. Уште од раните златни години на постоењето на “Фабриката за соништа” - Холивуд е обземен со сопственото постоење. Од Sunset Boulevard до Mulholland Dr. околу малото филмско маало на Лос Анџелес се изградени многу митови и приказни, современи и историски, смешни, но и трагични. Самото место станува епицентар на многу збиднувања, кои често Холивуд ги испреплетува на границата помеѓу реалноста и фикцијата за да се претстави…

„Критика на едно контрадикторно општество, сатира или само невин видео есеј за природата на силните пријателства? Можеби барам предлабоко значење каде тоа не постои.“

Кон „Слушај брат“ во режија, сценарио и кинематографија на Александр Елкан Оцена: 3.5/5 Постои некоја иронија во самиот факт што студентскиот филм на младиот руски режисер Александр Елкан се фокусира на игнорантски, богати, привилегирани момчиња кои не се значително помлади од него. Овој профил на луѓе во денешна Русија не е никако непознат - спротивно со официјалната политика која ја води Кремљ против секаков вид - според нив - девијантно однесување (конзумација на опојни супстанци, западна „лоша и пропагандна“ музика,…