..„Во комбинација со ефективното користење на светлина и суптилната режија на Хухтанен, таа сцена е нагло будење од сонот на утописко детство со кое постојано ја залажуваат публиката. “

Кон „Боговите од Моленбек“ во режија на Рета Хухтанен, кинематографија на Хану-Пека ВитикаиненОцена: 5/5 Во ерата на ксенофобија, тероризам и масовна миграција, Белгија е земјата од каде потекнуваат повеќе џихадисти по глава на човек од било која западно европска држава. Околу 520 регрути на каузата за Исламската Држава во Сирија се токму од овде. За подобро или полошо, бриселската населба Моленбек е втора најсиромашна во земјата, со околу 80 проценти муслиманска популација. Предрасуди, закани, заплашувања - тоа е реалноста на…

„Фактот дека нивната ќерка е онаа што ги поставува прашањата им овозможува на гледачите да го почувствуваат филмот на длабоко лично ниво, без искуството да западне во воајеризам и патетика.“

Кон „Патување – приказна за љубовта“, по сценарио и режија на Фани Браунинг. Оцена: 4/5 Што значи да се биде одговорен, освен за сопствената волја за живот, и за таа на нашиот партнер? Дали е возможно да го задржиме романтичарскиот поглед кон врската, дури и кога животот ќе (ни) се преврти наопаку? Конечно, како да им пружиме неизмерна поддршка на луѓето кои ни значат, без разлика на околностите? Бракот на главните ликови во „Патување – приказна за љубовта“ (патем, родители…

„..Неговата визија нè носи во сите слоеви на станицата каде што судбината на доселениците е мрачна како и самите кадри.“

Кон „Главна автобуска станица“ во режија на Томас Елшик, сценарио на Томас Елшик и Кристина Недведова, кинематографија на Томас Елшик и Ондреј Белица Оцена: 4.5/5 Израелските архитекти во 60-тите години од минатиот век подготвувале нешто огромно што би ги засенило сите други транспортни инфраструктури во светот. Како нова земја која гордо сакала да ја истакне својата експертиза и моќ поттикната од бранови свеж патриотизам, Израел официјално ја отворила станицата во 1993. Најголема автобуска станица на светот, 230 000 метри квадратни,…

...„имагинативно реобмислување на реалноста, каде во фокусот се ставени иронични контрасти и универзалниот конфликт помеѓу потребата за промена на статус квото и човековиот страв од тоа. “

Кон „Сказна за зимската градина“, по сценарио и режија на Симон Мозговиј.  Оцена: 3.5/5 Зошто е важен меѓу-генерацискиот континуитет и примопредавањето на насобраното знаење? Како да се споделат информации за задачите кои е неопходно да се завршат за оптимално функционирање, без притоа да се инсистира на отсечно прекинување на „излитените“ навики на персоналот приморан да оди во пензија? Што е поважно: намерата со која одредена акција се прави или нејзиниот (можеби непосакуван) резултат? Одговорите на овие универзални прашања, сценаристот и…

...„долгометражниот првенец на Пиа Хелентал е непријатно воајеристичко искуство за просечниот гледач, на најдобар можен начин.“

Кон „Која е Ева?“ во режија на Пиа Хелентајл, сценарио на Пиа Хелентал и Џорџија Малатраси, кинематографија на Јанис Мацух. Оцена: 4/5 Ева Коле е андерграунд блогерка чиј животен стил е полн со контрадикција. Таа може да се опише со голем број на епитети: феминистка, жртва на сексуално насилство, сексуален работник, модел, анархист, но никако не може со сигурност да се дефинира ниту нејзиниот карактер, ниту пак да се предвиди нејзиниот следен потег. „Која е Ева?“ е портрет на Европски…