„Режијата и продукцијата се исто така дело на Елер и тие уште од почетокот носат слободоумен дух кој преовладува низ филмот како интересна забава, паралелно со моменти на оправдана тензија која наговестува кобен крај и неоправдана неизвесност кои потсетуваат на уникатниот еднокадровски трилер „Викторија“.

Во мало село, близу градот Антверпен во Белгија, големо адолесцентско друштво е во потрага по летна адреналинска авантура која ќе им ја разбие монотонијата од безгрижниот тинејџерски живот. Хормоните вријат, а разумот е на одмор и подеднакво по пол испреплетеното осумчлено друштво копнее по идеја која ќе им донесе пари за остварување на летните желби. Класната разлика помеѓу тинејџерите носи различни идеи како да стигнат до пари, но најчесто секогаш се истакнува еден доминантен карактер кој ги носи одлуките за…