„Режисерката и сценаристка Сиваџи слика со многуслојна симболика на филмското платно, а сепак малку прикажува, повеќе провоцира и импресионира со нејзиниот начин на изразување.“

Вистинска умешност е лаконски да се изразиш со малку зборови, а сепак, крајот да ги оправда средствата т.е. да ја долови целта. Сето тоа има уште повпечатлив ефект кога симболично е претставено на филмското платно, а продуцентката, режисерка и сценаристка, Бану Сиваџи целосно успева да ја претстави својата идеја во нејзиниот дебитантски игран филм. „Гулабот“ минатата година беше во потесниот избор за наградата најдобар дебитантски филм на престижното „Берлинале“, а притоа се закити со 20 награди и исто толку номинации…

...„релативно топла европска пролет, богата програма која ја отсликува комерцијалната азиска кинематографија од изминатата година и голем број филмофили кои во текот на фестивалот своите денови ги организираат според термините во кои се прикажуваат филмовите. Што повеќе човек да посака?“

Замислете си ја следната ситуација: девет часот наутро, надвор врне и дува, а пред кино-салата има огромна редица луѓе кои чекаат да започне првиот филм на денешната програма. Вака изгледаше речиси секое утро во текот на 21-вото издание на Фестивалот на филмови од далечниот Исток (и со она „речиси“ реферирам на променливото време - само два од фестивалските денови беа сончеви). Без разлика на терминот во кој се прикажува,  жанрот или земјата од која филмот доаѓа, салата во Teatro Nuovo…

...„страда од истиот проблем како голем број дебитантски филмови: желба да се раскажат премногу приказни одеднаш и користење на голем број клишеа, на сметка на умешна употреба на оригиналниот пристап кон секојдневните проблеми на „невидливите“ луѓе.“

Кон „Сѐ уште човек“ по сценарио и режија на Оливер Чан, кој доби две награди на Фестивалот на филмови од далечниот Исток: главната награда од публиката и наградата од критичарите.  3/5 Во денешно време, голем број филмски работници одлучуваат да ја свртат камерата кон „невидливите“ категории луѓе, како што се социјалните случаи, мигрантите, луѓето со инвалидитет, итн. Долгометражното првенче на Оливер Чан отскокнува од воспоставените шеми за  ваквите приказни - наместо да „држи лекции“ како и овие луѓе заслужуваат почит…