„Текот на приказната која скоро да е типична за издигнувањето на една музичка ѕвезда во доцните 70-ти е значително освежена поради смелите одлуки на луѓето инволивирани во оваа продукција. “

Кон „Рокетмен“ во режија на Декстер Флечер, сценарио на Ли Хал, кинематографија на Џорџ Ричмонд Оцена: 4/5 „Рокетмен“ нема да успее да побегне од споредбите со минатогодишниот комерцијално успешен, но стерилен филм  „Боемска Рапсодија“. НЗС на двете дела се режисерот Декстер Флечер кој неславно го заменил Брајан Зингер по неговото отпуштање во филмот кој му донесе оскар на Рами Малек, како и обработката на славни музички Британски гении во минатиот век. Двете продукции делат и ист лик - озогласениот музички…

"Органското префрлање на доминацијата од Томас во Ванда е климакс на брилијантниот портрет кои актерите Ивана Павлаковиќ и Влагој Веселинов го насликуваат за овие два несекојдневни лика. "

Кон „Венерa во Крзно“ од Дејвид Ајвс, во режија на Ивана Ангеловска Оцена: 5/5 „Венера во Крзно“ од Дејвид Ајвс е претстава водена од два лика чија премиера оригинално била изведена во Њу Јорк, 2010 година, Офф Бродвеј. Длабоко инспирирана од класичниот, истоимен роман на Леополд Вон Сахер-Мазох (од каде што патем потекнува терминот мазохизам), претставата доживеала таков успех па се закитила со Тони награда, и обезбедила дополнителна продукција во лондонскиот престижен Вест Енд. Универзалното критичко прифаќање на брилијантниот текст…

„Веселинов и Павлаковиќ и нивната неверојатна меѓусебна хемија на сцената се темелот, главната конструкција и душата на оваа претстава. “

Кон изведбата на претставата „Венера во крзно“ од Театар на Навигаторот Цветко и Кино Култура на 54. МТФ „Војдан Чернодрински“ Има нешто волшебно во полноќните претстави кои се дел од неофицијалната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“. Рано-летниот мирис во воздухот, гужвата пред влезот од прилепските љубители на театарот, кои се чини како цела година да живеат само за овие седум фестивалски денови, како и интимниот амбиент во стариот и речиси руиниран театар, создаваат една уникатна и неверојатно театарска атмосфера. Иако…

...„не е само рационално детектирање, туку истовремено и емотивно, потсвесно, комплексно и исто толку моќно.“

(Прототекст за научна студија што ќе следува) (Кон претставата Бакхи, краток преглед на распадот,  според „Бакхи“ на Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица, продукција на Народен театар – Битола) Сè почнува со Дионис и сè завршува со Дионис! Античкиот театар и европскиов што е негов наследник, иманентно се поврзани со ритуалот, митот, и пред сè, со култот кон Дионис. Затоа приказната за претставата Бакхи, краток преглед на распадот, во режија на Игор Вук Торбица, продукција на Народен театар -…