„Џими Чин ги заслужува честитките како директор на фотографија бидејќи навистина импресионираат кадрите и пеколната атмосфера.“

„Слободно искачување“ е долгометражен документарен филм во продукција на телевизиската куќа „National Geographic“ и режија на Џими Чин и Елизабет Чај Васархели за натчовечкиот подвиг на американскиот алпинист Алекс Хонолд. Оцена: 7/10 Американецот Хонолд е долгогодишен искусен алпинист, фокусиран на дисциплината слободно искачување со цел да стане првиот човек во овој екстремен спорт кој успеал да го искачи „Ел Капитан“, вертикалниот врв во националниот парк Јосемити. Џими Чин и неговиот филмски екипаж навлегуваат во приватниот живот и трагаат по тајната…

„Камерата и текстот кој следува со неа навестуваат интригантни анализи и метафора за култот на современата славна личност, но тоа никогаш не се остварува.“

Кон „Вокс Лакс“ во режија и сценарио на Брејди Корбет, кинематографија на Лол Кроли. Оцена: 3/5 Опусот на младиот американски режисер Брејди Корбет е преполн со филмски остварувања од новиот арт хаус и независна кинематографија, но во улога на актер. Тој е миленик на водечките имиња во таа област како Ларс Вон Трир, Миа Хансен Лов и Михаел Ханеке. Можеби затоа е далеку од чудно што токму тие имаат огромно влијание врз неговиот лимитиран творечки сет. Во првиот, критички прифатен…