...„есенцијално гледачко искуство од 121 минута кое предизвикува длабоко размислување за тоа што претставува семејството.“

Кон „Крадци по продавници“ во режија и сценарио на Хироказу Кореда, кинематографија на Рито Кондо. Оцена: 5/5 Наградуваниот јапонски режисер Хироказу Кореда има завиден творечки опус - дури 13 долгометражни филмови. Сите овие дела се обединети од една тема која ретко да не се забележи, а тоа е критика на социјалните политики. По огромниот успех на „Каков татко, таков син“ кој ја доби големата награда на жирито на Канскиот фестивал во 2013, тој се враќа со можеби највлијателниот, емоционален и…

„Наместо непотребни надмудрувања, морални лекции и сервирани одговори, актерската екипа го користи гледалиштето како простор за градење на нови пријателства со и меѓу гледачите.“

Кон изведбата на „Човечкиот срам“ на 09.03.2019 во Матера, Италија. Танцовиот перформанс е во режија и драматургија на Силвија Грибауди и Матео Мафезанти, текст на Јетон Незирај и кореографија на Шерон Фридман. Играат Симона Спировска, Матиа Џордано, Антонела Лалоренци, Ема Таширо и Мариаграциа Начи. „Добредојдовте во овој прекрасен затвор!“ е реченицата со која петте актери ги дочекаа гледачите во кино-салата во затворот во Матера. По речиси едночасовно чекање во ред, прозивање по име и презиме, проверка со детектори за метал…

...„еден од ретките омнибус филмови кои функционираат органски, а не како Франкенштајн од неповрзани приказни. “

Кон „Лоши времиња во Ел Ројал“, по сценарио и режија на Дру Годард. Кинематографија на Симус Мекгарви, музика на Мајкл Гјачино. Оцена: 4.5/5 Свештеник, продавач на правосмукалки, пејачка и бунтовна девојка влегуваат во хотел кој ја изгубил својата гламурозна репутација, а ги пречекува навидум неодговорен рецепционер. Не, нема да раскажувам здодевни шеги за архетипски ликови, зборувам за сижето на „Лоши времиња во Ел Ројал“. Сместен во 60тите години од минатиот век, филмот е тежок за дефинирање - веројатно најдобриот обид…