...„македонската кинематографија решително излегува од тесните историски рамки фокусирани на Отоманското ропство и Југословенската држава, и полека но сигурно фаќа чекор со светските трендови. “

Последниот викенд од февруари имав можност да присуствувам на „Златна рамка“ - првата ревија на македонски филмови од изминатата календарска година. Во кино „Фросина“, бесплатно беа прикажани 8 документарни, 15 краткометражни и 2 долгометражни филмови. По замисла на Друштвото на филмските работници на Македонија, „Златна рамка“ се стреми да стане редовна отчетна ревија на актуелната македонска кинематографија. Слон во собата Пред да ги споделам сопствените впечатоци за овогодинешното издание, сметам дека е неопходно да го адресирам т.н. слон во собата.…

...„мини серијал од четири краткометражни документарни филмови за четири хероини од Балканот во областа на алпинистичко искачување.“

Секој спорт е промотор на еднаквоста, дисциплината, фер плејот и стекнувањето здрави навики, но исто така постои и родова поделба во натпреварите. Историјата покажува дека светот повеќе ги вреднува спортските успеси на мажите отколку на жените, а алпинистката Илина Арсова, директно засегната од ваквиот поглед, ја покажува нејзината сценаристичка визија и црпи инспирација да прикаже една друга слика. Надчовечките подвизи на понежниот пол се подеднакво вредни со тие на посилниот пол. „Ова е нејзината приказна“ е мини серијал од четири…

„Човекот кој практично бил архитектот позади војната во Ирак, на хартија е одличен субјект за еден холивудски филм. Тоа го прави разочарувањето од продукцијата на ова 132 минутно долгометражно дело уште поголемо.“

Кон „Човек во сенка“ во режија и сценарио на Адам Мекеј, кинематографија на Грег Фрејзер. Оцена: 3.5/5 Американскиот потпретседател Дик Чејни од администрацијата на Џорџ В. Буш отсекогаш бил енигматична фигура. Никој не знаел премногу за него, но едно било сигурно: претседателот не бил тој што ги носел големите одлуки. Адам Меккеј, режисерот кој достигнал огромен успех со сатирата „Големиот кусок“ каде ја исмева кризата на недвижности во САД, се чини дека сака да стане специјалист за злото позади американскиот…