„Збиеното дејство, некохерентните ликови и веќе видените блокбастер стереотипи го прават „Смртоносни машини“ невпечатлив и заборавлив.“

„Смртоносни машини“, најновиот филмски производ на Питер Џексон, врие од приказни, ликови и неисполнет потенцијал.  Адаптиран од книгите на Британецот Филип Риив, филмот прикажува дистописки свет во кој градовите-држави повторно се враќаат на глобалната сцена. Илјада години откако последната голема војна ќе го опустоши светот, концептот на суверени држави регресира според принципот на „општински дарвинизам“. Современите градови сега се мобилни, моторизирани. Лондон, најпознатиот од нив, преживува како предатор, ловејќи ги помалите градови и нивните жители. Еден од главните архитекти на…

...„Демијан Шазел прави хет-трик при адаптација на официјалната биографија на првиот човек на месечината - носејќи ги и најголемите скептици до Месечината и назад, буквално.“

Кон „Првиот човек на месечината“ во режија на Демијан Шазел, сценарио на Џош Зингер, кинематографија на Лајнус Сандгрен. Оцена: 4.5/5. Квалитетот на холивудските биографските филмови е таков да тие најчесто се користат како доказ за познавање на општата култура и покажување на статус при секојдневни разговори помеѓу луѓето на кафе пауза од работа. Обработката на личноста на Нил Армстронг во долгометражно издание ги подига истите стравови, но тие за среќа се неосновани. Најмладиот носител на признанието за најдобар режисер во…