...„режисерските одлуки, без разлика дали е тоа хуморот или актерската игра, добро ја постигнуваат својата цел, но некои епизоди може да изгледаат претерано „играни“ за гледачите, поради изоставеното чувство на умереност. “

Првото нешто што го гледаме во „Во круг“ (2019) е внатрешноста на едно полициско возило со двајца офицери кои полека возат низ Софија за време на нивната ноќна смена, разговараат за модерна Бугарија и се обидуваат да дефинираат што се има променето во државата во периодот по 1989-та година. Во овој прв дијалог, кој во основа е хумористичен, ги гледаме различните ставови кон социјалистичкиот и пост-социјалистичкиот блок. Вака бугарскиот режисер Стефан Командарев се обидува да ги прикаже различните расположенија во…

"Секоја приказна од низата настани кои го сочинуваат овој филм се состои од минималноста на зборовите на нараторот или протагонистите во сцените кои се изгубени, осамени и скршени срца."

Кон „За бесконечноста“ во режија и сценарио на Рој Андерсон, кинематографија на Гергели Палос За филм кој трае само 78 минути, најновото остварување на шведскиот маестро на баналноста предизвикува вортекс кој транспонира во средина каде времето не постои. Оние кои не се запознаени со неговата уметност, особено со победникот на филмскиот фестивал во Венеција во 2014, „Гулаб седеше на гранка додека размислуваше за егзистенцијата“, можеби би биле збунети од патешествието низ низа навидум неповрзани моменти кои совршено создаваат наративна кохеренција.…