„Занимливата приказна, уверливите ликови и лесната рака на режисерот создале дело вредно за гледање.“

Оскаровецот на Питер Фарели го засилува аргументот дека од Холивуд може да произлезе нешто повеќе од само нечиј коњ во трката за пари. „Зелена Книга“ (“Green Book”) ја адаптира вистинската приказна за несекојдневното пријателство меѓу „стручњакот за односи со јавноста“ Тони Валелонга (Виго Мортенсен) и џез музичарот Дон Шерли (Махершала Али). Во шеесетите години, пред финалното расчистување со озлогласените Џим Кроу закони, расизмот и дискриминацијата сè уште владеат на Американскиот југ. Откако неговата сезонска работа како обезбедување (или, попрецизно „избацивач“)…

...„успеваат и да изградат детално промислена внатрешна логика на претставата која ги рефлектира клучните теми во секој од трите различни, но комплементарни делови.“

Кон премиерата на „Бакхи - Краток преглед на распадот“ за време на 21-виот Интернационален фестивал на монодрама во Битола. Претставата е работена според античката трагедија на Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица и драматургија на Билјана Крајчевска. Играат Маја Андоновска - Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски, Викторија Степановска - Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска.  Оцена:5/5 Во денешно време, за да биде успешно едно поставување на античка…