...„ги надминува очекувањата и се истакнува помеѓу преполното море од просечни биографски филмови. “

Оцена: 7.5/10 Тенка е линијата помеѓу генијалноста и лудоста, но дали генијалецот може да биде и лудак? Винсент ван Гог дефинитивно се наоѓа во оваа ретка категорија, а „Пред портите на вечноста“ е биографски долгометражен игран филм на Џулиан Шнабел за најкреативниот и најтешкиот дел од животот на холандскиот сликар. Несудениот оскаровец Вилем Дефо го толкува мистичниот Ван Гог, во уште една улога која му донесе номинација за главна машка улога (4та севкупно) од филмската академија на САД. Младиот и…

„Поповски умешно ја режира претставата вешто работејќи со сагата за Доплер, при што ни става до знаење дека зборуваме за два света, иако стојат еден покрај друг.“

Претставата „Доплер“ е во режија на Александар Поповски, според мотивите од истоимениот роман на Ерландо Лу. Претставата е направена во копродукција на Српското народно позориште и Центарот за визуелна култура од Нови Сад. Во претставата играат Страхиња Бојовиќ, Јована Стипиќ, Радоје Чупиќ, Јована Балашевиќ, Ненад Печинар, Игор Павловиќ, Соња Исаиловиќ/Исидора Вилчек, Никола Пудар, Александар Гајин и Милорад Капор.   Страхиња Бојовиќ го гради Доплер како човек под тензија кој се обидува за себе да создаде нов живот преку бегство во…

...„огромни количества агресивен оптимизам, но без никаква наративна вредност. “

Кон „Враќањето на Мери Попинс“, во режија на Роб Маршал, сценарио на Дејвид Меги, музика на Марк Шеиман и Скот Витман. Оцена: 3/5 Често се прашувам која е потребата за снимање на n-ти дел од некоја приказна, особено кога станува збор за филмови кои го издржале т.н. тест на времето и постојат како кохерентно спакувани засебни целини. Треба ли да ја прифатиме идејата дека „сѐ е веќе измислено“ или едноставно Дизни пресметано ја капитализира носталгичноста на публиката? Во случајот на…

„Номинациите се тука и вреди да се разгледаат.“

Изминативе неколку години Оскаровската манифестација не поминува без скандали, оваа година скандалот е тука уште пред настанот официјално да започне. Поради проблемите кои настанаа со Кевин Харт и обвинувањата кои беа упатени кон него овојпат Оскаровското доделување ќе се случи без водител. Публиката е живо заинтересирана како ќе се одвива сето тоа. Номинациите се тука и вреди да се разгледаат. Ова се осумте филмови кои влегоа во трката за најпрестижната награда: “Black Panther” е sci-fi бајка што се гледа за…

...„има концепт, но целиот плод е осуден на билион интерпретации од кои повеќето се грешни, а бараат посебни објаснувања чии одговори ни самиот автор не ги знае. “

Кон „Суспириа“ во режија на Лука Гуадањино, сценарио на Дејвид Кајганич, кинематографија на Сајомбу Мукдепром. Оцена: 4/5. Дарио Аргенто, еден од највлијателните личности во историјата на хорор филмот е авторот кој стои зад оригиналниот „Суспириа“ од 1977 година. Според него, 152 минутниот “римејк“ на италијанскиот режисер Лука Гуадањино го предал духот на оригиналното дело, не содржел никакви елементи на страв ниту музика. Нападниот колоринг и острата кинематографија кои го одликуваат првиот филм не се дел од визијата на помладиот италијански…

...„комплетно филмско остварување и редок производ во кој еден човек има јасна визија и безгрешно твори.“

Оцена: 5/5 „Рома“ е црнобел долгометражен игран филм, интензивна хибрид траги-комедија на мексиканскиот филмски уметник Алфонсо Куарон. Режисерот на култните „И мајка ти исто така“ и „Човечки синови“, овојпат целосно управува со диригентската палка во улогите на продуцент, режисер, сценарист и директор на фотографија. Оскаровецот создава оригинално, лично и емотивно сценарио базирано на вистински настани кое се издвојува како зенит во неговата богата кариера. Сценаристот, приказната на „Рома“ ја фокусира околу животната орбита на куќната помошничка Клео, чиј лик е…

...„суптилно, скромно, но застрашувачки моќно дело кое ги отфрла сите етикети за да биде најдобриот филм во 2018 година.“

Кон „Горење“ во режија на Чанг-Донг Ли, сценарио на Јунгми О и Чанг-Донг Ли, кинематографија на Јунг-По Хонг. Оцена: 5/5 Корејското режисерско „свето тројство“ од Чан-Вук Парк, Јон-Ху Бонг и Ји-Вун Ким го популаризираат модерниот корејски филм со години преку ремек дела како „Олдбој“ и „Домаќин“ кои длабоко навлегуваат во човековите перверзии и природа. „Горење“ е многу силен кандидат за промена на членството во тој колектив - Чанг-Донг Ли успеал во 148 минути маестрално да раскаже приказна за одмазда, социјалните…

...„вкусот во устата по филмот е силен и горлив, како што најверојатно и целел Столевски.'

„Види ја ти неа“ на режисерот Горан Столевски гради директен и остар коментар за бременот кој традиционалното општество го товари врз маргинализираните. Анета (Сара Климоска) е средношколка која е подложена на навреди од своите соученици поради својата сексуална ориентација. Откако автомобил ќе го прегази нејзиниот телефон, таа наоѓа неочекувано решение за тоа како да добие нов – скокајќи по крстот за време на празникот Водици. Ова предизвикува низа на негативни реакции во нејзината околина. Климоска е главниот стожер на филмот,…