„Издвоив 3 филмови, 7 претстави, 4 серии и 6 анимиња кои ми оставија најголем впечаток годинава.“

Кога првпат зборувавме со Петра околу новогодишниот осврт, моја беше идејата да не се ограничуваме само на филмови - едноставно знаев дека ќе ми биде многу тешко да направам ретроспектива, а притоа да не ги вклучам претставите, сериите и анимињата кои ми ја обележаа годината. Според личната архива и бројките на Trakt.tv, од 365 дена годинава сум посветила точно еден месец на гледање работи што резултира во огромна листа препораки. :) Филмови Јужнокорејската акциона комедија "Extreme Job" (во режија на…

„Три потсетници за причината поради која јас сум толку вљубена во филмовите како појава.“

Овој новогодишен осврт го посветувам за трите највпечатливи и најзначајни филма коишто ми беа како еден потсетник во текот на 2019 година за причината поради која јас сум толку вљубена во филмовите како појава. https://www.youtube.com/watch?v=Nt9L1jCKGnE&t=70s Никогаш не сум била некој голем љубител на филмовите со суперхерои. Но отсекогаш сум уживала во безвременската приказна за Питер Паркер, младото момче, кое сосем случајно се здобива со супермоќи и станува добропознатиот човек - пајак. Низ годините неговиот лик беше игран од неколку актери,…

„Трите најдобри филмови во 2019.“

Без двоумење, „Медена земја“ е филмот кој ми остави најголем впечаток во 2019 година. Секако, уште подраго ми е што се работи за македонски филм кој постави преседан, ги подигна границите до максимум и покажа дека врвот е дофатлив. Не се сомневав, но сакав да го повторам уникатното чувство, три пати го погледнав во рок од 10 месеци и секој пат забележував нов детаљ на кој се импресионирам. Едноставно, за „Медена земја“ може многу да се зборува, а досега немам…

„10 од најдобрите филмови и серии во 2019 година.“

Филмови Корејскиот маестро на социјалните драми, Бонг Ју Хо, оваа година направи нешто што не му успеало на ниеден корејски филм до сега (за жал) - „Паразит“ ја доби Златната Палма на Канскиот Филмски Фестивал. Тој ја прикажува класната нееднаквост во родната земја на брилијантен, досетлив и хумористичен начин и покрај гротескните сцени на насилство. Филмот одлично го погаѓа цајтгајстот на времето во кое што живееме и изобилува со мал милион иронични реплики кои долго време остануваат запамтени. https://www.youtube.com/watch?v=SEUXfv87Wpk Адам…

„Три филмови и една претстава кои ми ја обележаа годината.“

За мене, ова се дела кои (ми) ја обележаа годината и ми дадоа нескротлив порив за дополнително истражување и нивно прегледување повторно и повторно.  https://www.youtube.com/watch?v=M2Uow9aNCRU Најновиот филм на Мајк Милс, насловен "I am Easy to Find" е задолжителна лекција. Монохроматски и бавен пристап како приказ на човековиот живот во секоја развојна фаза. Музиката на The National суптилно владее со филмот, а темата веројатно за многумина изгледа многу наивна и обична. Мајк Милс и Алисија Викандер во главна улога, ги “парчосуваат”…

Без да се ограничуваме на точна бројка препораки ниту пак на одреден тип на визуелна уметност, стигнавме до моменталната листа која вклучува од сѐ по нешто!

Пред неколку недели, тргнавме од една релативно едноставна идеја: наместо да правиме топ листи, одлучивме да споделиме препораки избрани од редовните пишувачи за Гледај.мк. Со желба да ги истакнеме различните вкусови во тимот, се договоривме дека секој од нас ќе издвои по неколку работи што ги гледал годинава и на кратко ќе објасни зошто му оставиле најголем впечаток. Без да се ограничуваме на точна бројка препораки ниту пак на одреден тип на визуелна уметност, стигнавме до моменталната листа која вклучува…

....„ова е дел од една целина кој за жал треба да е јаготката на Дизни шлагот, а не расипана, преблага овошка која предизвикува тортата да се преврти“.

Кон „Војна на ѕвездите: подемот на Скајвокер“ во режија на Џ.Џ. Абрамс, сценарио од Џ.Џ. Абрамс и Крис Терио, кинематографија на Ден Миндел „Војна на Ѕвездите“ е еден од потешките серијали на филмови каде може рационално да се даде критички осврт на филмот како седма уметност. Ова можеби и не е толку точен исказ, но е вистина за овој рецензент како самопрогласен огромен фан на целиот свет кој го има изградено Џорџ Лукас, а особено на незаборавните ликови. Тешко е и да се даде правилно расудување за последниот дел од сагата без да се погледне назад кон целата „Дизни“ трилогија започнувајќи во 2015, зошто токму тогаш започнуваат огромните проблеми со кои ова студио се соочува во однос на целосната приказна. Во кратки црти, ако „Подемот на Скајвокер“ се погледне низ призмата на засебен филм, тогаш недостатоците се сведуваат на слаба монтажа, преполнето сценарио кое е напишано за 6 часовен филм и некохерентен премин помеѓу сцените кои како да се одвиваат сите одеднаш или со огромни временски разлики. За сè останато може да се каже дека придонесува за забавен, лесен филм кој е полн со прекрасна кинематографија, бои и битки - просечен и заборавлив. Сепак, ова е дел од една целина кој за жал треба да е јаготката на Дизни шлагот, а не расипана, преблага овошка која предизвикува тортата да се преврти.  Без да се навлегува во ситуација на откривање на дејството, „Подемот на Скајвокер“ е филм каде што режисерот се труди да исправи премногу од „грешките“ на претходникот, „Последниот џедај“. Велам „грешките“, зошто тоа е чисто субјективно видување низ леќата на самиот Абрамс и студиото кои како да сакаат да срушат сè што режисерот Рајан Џонсон воспоставил во претходниот дел. Затоа, целиот филм „мириса“ на одлуки кои не се планирани, се измислени во текот на процесот на менаџирање на ризик и се спротивни на активностите и делата на ликовите во претходните филмови. Поголема слика не постои, а истотака ни целозно…

„Хонка и другите “неработници” не се неуморни, тие не трагаат по ништо, задоволни се со она што го имаат, ако го имаат. Тоа се изнемоштени ликови кај кои вистинските шанси за подобрување се недостижни, ликови кои не умеат да замислат некои повозвишени идеали. “

Кон филмот „Златната ракавица” во режија на Фатих Акин, по сценарио на Фатих Акин и Хајнз Штрунк и кинематографија на Рајнер Клаусман; улоги: Јонас Даслер, Маргарет Тизел, Катја Штуд, Грета Софи Шмид „Има солза на патот која сака да патува со мене...”(“Es geht eine Träne auf Reisen, sie geht auf die Reise zu mir…”) Композиција на ликови кои се присутни и постојат, а нам не многу блиски и стварни - тоа е темата која резултираше од повторната соработка на Фатих…

„Импресивна е вистинскиот збор со кој може да се опише актерската игра. Секој момент е значаен, бидејќи видливо е дека глумците биле целосно соединети со своите улоги.“

Режија: Делфин Лерисе; Сценарио: Жоан Гигер; Директор на фотографија: Кристоф Бокарн; Улоги: Летиција Каста, Клеменс Поеси, Лук Бруше, Патрик Дескам Оцена: 8/10 Приказна временски далечна на сегашноста, а суштински толку блиска е раскажана во мистичната драма „Зад хоризонтот“. Тринаесетгодишниот Гус (Лук Бурше) е дете израснато во седумдесеттите. Тој ужива живеејќи безгрижен живот далеку од бучавата на големите француски метрополи, во едно село заедно со своите најблиски. На летните жештини им нема крај, но тоа не претставува никаков проблем за Гус.…

...„и социолошки осврт на вечната дебата за влијанието на природата наспроти опкружувањето, и трезвено сведоштво за двојните стандарди кога е во прашање женската сексуалност, но и добро осмислена студија на карактер на една тинејџерка која преку компулсивно лажење и семејни сплетки се гради како личност. “

Кон „Сестра“ во режија на Светла Цоцоркова, кој ја доби главната награда во селекцијата СинеБалкан на годинешното издание на Фестивалот на европски филм Синедејс. Оцена: 3.5/5 Што значи да се биде жена во Бугарија денес? Колку економската (не)зависност на жените и социо-културните притисоци влијаат на емоционалните врски жените кои ги градат со најблиските? Каков е односот помеѓу возраста и степенот на женска издржливост, особено кога станува збор за тешки животни искуства? Вториот долгометражен филм на режисерката Светла Цоцоркова, „Сестра“ истовремено…