Нури Билге Џејлан е познат по контемплативните, бавни сцени од кои гради длабински прикази на турското општество и луѓето кои живеат во него. Во „Дивата Круша“, овој рецепт каскадно потфрла. Откако ќе дипломира, Синан (Догу Демиркол/ Dogu Demirkol) се враќа во својот роден град, каде се соочува со невработеноста и безизлезноста на секојдневниот живот. Се обидува да најде средства за да го објави својот дебитантски роман, но никој не е заинтересиран да му помогне. Коцкарските проблеми на неговиот татко Идрис…
„Во желбата да се додаде на должина и длабочина, некаде попатно ја снемува тежината, наративниот товар кој е потребен за да се заокружи ваков голем потфат.“