„Ситниот хумор, актерската игра на малиот Нино Миловиќ и дел од пејзажните сцени го прават филмот гледлив за публиката, но во целина, станува збор за филмско „дежа ву“.“

Оцена: 5/10. Дали историјата и поделбата од пред скоро 30 години може да се нарече далечна и завршена ако сè уште се чувствува влијанието од тогашните случувања? Дали сценариото може да се карактеризира како оригинално ако различни режисери слично интерпретираат тема која е актуелна и денес? „Граници, дождови“ е долгометражен игран филм на режисерите и сценаристи Никола Мијовиќ и Властимир Судар кои се обидуваат да одговорат на овие прашања. Јагода (Кристина Стевовиќ) е млада студентка по филозофија која слободните летни…

„Целиот филм е полн со сцени кои не придонесуваат за некаков развој на карактерите, туку напротив, додаваат непотребно дополнителна драма.“

Кон „Мрзливец“ во режија и сценарио на Алекса Стефан Радуновиќ, кинематографија на Гален Хумбер. Оцена: 1/5. Според официјалната статистика на Еуростат, во балканските држави е огромен процентот на млади од 18 до 34 години кои живеат со родителите. Во Македонија во 2016 тој процент изнесувал 73,3 %, додека пак во Србија 67,6 %. Овој факт е поразителен за прогресот на општеството и кажува нешто за квалитетот на животот на Балканот. Токму таа фрустрација на немаштија е инспирација за долгометражното првенче…

...„детално промислена претстава која носи свежина во македонскиот театар.“

Кон „Физика на тагата“, изведена на Бела ноќ (06.10.2018) во Скопје. Режија: Милош Андоновски, продукција: Театар Куманово.   1. Тела кои мируваат или се движат рамномерно праволиниски настојуваат да ја задржат таа состојба сè додека на нив не дејствува некоја надворешна сила. Првиот Њутнов закон совршено ја опишува состојбата во македонските институционални театри - блажена инерција, сè додека некој „од надвор“ не ја промени насоката. Институционалното првенче на Милош Андоновски укажува токму на потенцијалните насоки за развој на македонскиот современ…

...„нуди оригинално, проникливо согледување на модерниот полицаец, зад кој, како и зад сите други се крие еден несовршен, самосвесен – човек.“

Уште во првите неколку минути на „Полицајци“ (Cops) се забележуваат влијанијата на семиналните американски полициски драми и акциски филмови врз режисерот Стефан Лукач (Stefan Lukacs), подобро познат како Истван. Тематските поврзаности со приказните на „End of Watch“, „The Departed“, „SWAT“ и „The Wire“ се очигледни. Сличностите со овие филмови завршуваат со начинот на кој Истван ја обработува оваа материја, црпејќи инспирација од нив, но останувајќи со нозете цврсто на европско тло. Младиот полицаец Кристоф (Лоренс Руп/Laurence Rupp) отсекогаш знаел дека сака да…

„Краткото времетраење дозволува танцот и моментите на физичка комедија да го задржат вниманието, но без очекуваното драмско или драматуршко поентирање.“

Од изведбата на „Болница“, 26.09.2018. Автор,Режија, Кореографија, Сценографија: Jо Стромгрен (Jo Strømgren) Продукција: Јо Стромгрен Компани (Jo Strømgren Kompani). Убавината на минијатурните светови на Јо Стромгрен е во нивната силна внатрешна логика. Неговата „Болница“, која играше на 43 МОТ на 26.09.2018 е уште еден пример за тоа. Најголемиот дел од дијалогот е на „измислен“, бесмислен Исландски јазик, па приказната ја дознаваме преку гестови, говор на тело и занимлива танцова кореографија. Три медицински сестри (Guri Glans, Gunhild Aubert Opdal, Ingri Enger…