„Филмот е пристапен и длабок како гласот на Бредли Купер исто колку што силно сјае актерската ѕвезда на Лејди Гага.'

Кон „Ѕвездата е родена“ во режија на Бредли Купер, кинематографија на Метју Либатик, сценарио на Бредли Купер, Ерик Рот и Вил Фетерс. Оцена: 4/5. 21 ви век е и трендот по носталгијата не запира. Филмската индустрија во Холивуд се чини дека можеби нема повеќе оригинални идеи за сценарија, па медиумите се полни со вести за нови верзии на стари класични филмови. Дури и легендарниот режисер Стивен Спилберг го поддржува овој тренд - тој ќе го донесе класичниот мјузикл „Приказна од…

„Во 140-минутната визија на Паоло Маџели, комичниот и драматичниот аспект на претставата не градат доволна синергија, a за жал, не опстојуваат ни самостојно.“

Кон изведбата на  „Еден месец на село“ во МНТ, 18.10.2018 Режија: Паоло Маџели. Текст: Иван Сергеевич Тургењев. Драматургија: Желка Удовичиќ.   Сржта на дејството на „Еден месец на село“ е во приказната за младиот тутор Алексеј Бељаев (Стефан Спасов), во кој се заљубуваат мајката на неговиот ученик, Наталија Петровна (Сашка Димитровска) и нејзината млада штитеничка Вера Александровна (Дарја Ризова). Истовремено, помеѓу нив и останатите ликови се случуваат уште неколку успешни и неуспешни љубовни врски. Режисерот Маџели наметнува галопирачко темпо на…

„„Железната приказна“ има стаклени нозе, а „Обид за среќна приказна“ успева од прва.“

„Железната приказна“ има стаклени нозе До каде сме подготвени да одиме за тие што ги сакаме? „Железната приказна“ на Златко Калеников го разгледува ова прашање. Перхан (Бајрам Северџан) е приведен во полициската станица заради кражба на старо железо. Неговиот распит е брзо прекинат со пристигнувањето на неговата сопруга (Јелена Јованова-Периќ) и неговата посвоена ќерка Фати (Моника Бошковиќ). Дознаваме дека Фати знае повеќе од Перхан за тоа како старото железо се нашло во неговиот двор. Преку „Железната приказна“, Калеников се обидува…

„Претставата брзо преоѓа од воздржана прошетка низ сеќавањата, во изнасилена Балканска комедија, за на крај виорот на траумите да ги зафати сите ликови и да ги натера да се соочат со минатото.“

Кон „Брашното во нашите вени“, првонаградена претстава на ИТФ Скупи 2018. Автор: Игор Штикс, режисер: Борис Лијешевич. Поставена во 2015 година како копродукција на Stage Mess и ЈУ Воен театар Сартр - Сараево. Оцена: 4/5. Што се случува кога трансгенерациската траума не останува на своите првични географски координати, туку се проширува и врз генерациите кои се родени и живеат преку Атлантскиот Океан? Колку долго вреди да се чека за да се отворат незараснатите рани, во пуста надеж за нивно конечно…

„Без непотребна мелодраматичност или самосожалување, Зекири го покажува бременот на личната и колективната историја во нивниот секојдневен живот. Во ерата на мелодрама и блокбастери, нејзините ликови се прекрасно, несовршено вистински.“

Забелешка: Ова е еден од тие филмови кои треба да се гледаат без да го гледате трејлерот или да читате премногу за приказната. :) Само пар недели пред свадбата на Беким (Албан Укај / Alban Ukaj) и Анита (Адриана Матоши / Adriana Matoshi), стариот пријател на Беким, Нољ (Генц Салиху / Genc Salihu), повторно се враќа во неговиот живот. Доаѓањето на Нољ создава многу главоболки за Беким. Дополнително оптоварување е желбата на неговото семејство да го контролира секој аспект од…