„Режијата на Спајк Ли е толку минималистичка и концентрирана на карактерите што тешко е да се сфати дека ваква ситуација навистина се случила. Од таму доаѓа и голем дел од хуморот - на никого не му се верува дека истрагата во потенцијални криминали од омраза ја зела таа форма.“

Кон „Црниот член на ККК“ во режија на Спајк Ли, сценарио на Чарли Вахтел, Дејвид Рабиновиц, Кевин Вилмот и Спајк Ли, кинематографија на Чејс Ирвин. Оцена: 4/5. Од политика не може да се избега. Уметноста е таква флексибилна форма што со неа може да се испраќаат моќни социјални пораки за емоционално да го допрат човекот. Поради тој факт, голем број филмски режисери себе си се нарекуваат и политички активисти. „Шиндлеровата листа“ на Стивен Спилберг е моќна критика на холокаустот, „12…

„Во „Црни и Криви“ Џамбазоски користи високо сатурирана палета на бои која додава леснотија во сцените кои инаку би изгледале сериозно или ладно. Во „Кога не нема“, отсуството е опипливо.“

И криви, и должни Во „Црни и Криви“, двајца пријатели (Горан Ников и Тони Денковски), фрустрирани од својата беспарица, решаваат да ограбат продавница. Насловот на филмот сосема соодветно ја опишува атмосферата во него. Ников и Денковски одлично ги играат улогите на несмасните „партнери во криминалот“, а кастингот на споредните улоги дава цврстина и материјал од кој можат да ја засилат својата игра. Режисерот Марко Џамбазоски користи високо сатурирана палета на бои која додава леснотија во сцените кои инаку би изгледале…

„Павликовски користи европска приказна и дава шмек на филмска елеганција и сценариска иновативност.“

Оцена: 8.5/10. Холивуд ја типизира љубовната музичка драма и ја надополнува заситената колекција од веќе видени сценарија. Полскиот оскаровец Павел Павликовски користи европска приказна и дава шмек на филмска елеганција и сценариска иновативност во неговиот нов долгометражен игран филм „Студена војна“. Во ера кога Европа се рехабилитира од Втората светска војна, а Полска сè уште го чувствува влијанието на Германија, диригентот и пијанист Виктор (Томаж Кот) треба повторно да го оформи музичкиот ансамбл „Мажурек“. На кастингот во неговите очи блеснува…

„Есенцијата на брилијантноста на Џон Калахан е солидно опфатена така што покојниот уметник веројатно не би го понижил режисерот со хумористичен стрип.“

Кон „Без гајле, нема да стигне далеку пеш“ во режија и сценарио на Гас ван Сант, кинематографија на Кристофер Бловел. Оцена: 3/5. Уметноста произлегува од внатрешната болка. Тоа е една идеја која општествено е долго време прифатена како норма. Американската писателка Силвија Плат патела од депресија додека ги креирала едни од најголемите книжевни дела на 20 век, Ван Гог се борел со немаштијата и разни внатрешни демони под „Ѕвездена ноќ“, сопругата на култниот и проблематичен режисер Роман Полански била убиена на…

„„Магнолија“ е тивка меланхолија. „Gottlieb“ е несекојдневен портрет на менталните затвори.“

„Магнолија“ е тивка меланхолија Во една мала куќа во која како времето да запрело, средовечна професорка работи, живее и чека. Без брзање ги поминува своите дневни ритуали, иако во нејзините очи се гледа чувство на длабок внатрешен немир. Лицето на Искра Ветерова во главната улога кажува многу повеќе од неколкуте реплики кои и се дадени. Таа изгледа сосема природно во анахронистичкиот стан во кој живее, опкружена од финиот мебел, порцелан, книги и сопствените мисли. Режијата на Ана Опачиќ, пак, дише…

„Пол Томас Андерсон, номиниран дури 8 пати за Оскар, е во најзавидна форма од својата кариера - тој не само што го напишал и режирал филмот, туку и е одговорен за секое движење во снимањето како директор на фотографија.“

Кон „Фантомска Нишка“ во режија, сценарио и кинематографија на Пол Томас Андерсон. Оцена: 5/5. Ако филмот е седмата голема уметност, модата е помалиот придружник кој има огромно влијание врз чувството, просторот и времето кој му помага на филмот да ја добие својата конечна форма. Во екот на златното доба на Холивуд кога филмските сирени биле делумно дефинирани од облеката која ја носеле, дошло до популаризација на дизајнерите кои биле одговорни за нивниот изглед. Еден од нив бил Чарлс Џејмс, можеби…

„Гледаме ли во вистинските длабочини на нечии души, или само во визијата на режисерката за тоа како тие длабочини треба да изгледаат?“

Да требаше да се заснова оценката за филмско остварување само врз основа на реакциите за него, ќе требаше да помислиме дека  „Touch me Not“ е или најдоброто нешто што му се случило на филмот оваа година, или целосно промашување. Ако му ја направите честа да го гледате без тие предрасуди и очекувања, првенецот на Адина Пинтиле (Adina Pintille) е силен во својата нежност. Низ тесни, внимателно компонирани кадри, Пинтиле говори за интимноста и целосниот спектар на луѓе кои треба да…