„Најголемиот подвиг е суптилната режија на Јаков Нола кој успева да создаде атмосфера каде омразата започнува да се шири навидум безопасно, за на крај да достигне и насилна кулминација.“

Кон „Контраофанзива“ во режија и сценарио на Јаков Нола, кинематографија на Невен Муретиќ. Оцена: 3/5 „Човеку, 21-ви век сме“ е една од почестите реченици кои либералните млади луѓе ги користат за да осудат други врсници на Балканот. И покрај влијанието на Западот каде социјалните политики се далеку поразвиени, во земјите од поранешна Југославија сè уште се чувствува срам од неколку теми: сексуално ослободување на жените, ЛГБТ прашања и отфрлање на традиционален, нормализиран, сексизам и шовинизам. Во ова второ краткометражно остварување на…

„Режисерот ја користи трогателната приказна на неговата мајка која наликува на сценарио и претставува хронолошко сведоштво за општествено-социјалните проблеми од поранешна Југославија.“

Оцена: 6.5/10 Колку од слободното време поминувате во друштво на вашата мајка? Одговорот секогаш ќе биде помалку од онa што таа би сакала да помине со вас. Tоа можеби ќе се промени откако ќе го изгледате овој филм. „Мамичка“ е долгометражен (51 мин.) документарен филм на студентот Јосип Лукиќ од Aкадемијата за драмски уметности во Загреб. Пламеното зајдисонце во социјалистички сивиот Сплит е позадината на почетната сцена кога Јосип одлучува отворено, без влакна на јазикот да дознае сè за животот…

„Претставата ја транспортира публиката на сцена, а ликовите, извлечени од колективната потсвест, одѕвонуваат во иста фреквенција со нејзиниот внатрешен монолог.“

Од изведбата на „Физика на тагата“ на Бела Ноќ, 06.10.2018, во Скопје. Режисер: Милош Андоновски Изведба:  Театар Куманово Има ли тагата вкус, мирис, боја? Може ли да се измери? Да се процени или пресмета? Тим на искусни физичари тргнува да ги открие овие одговори. Романот на Георги Господинов, „Физика на тагата“, има важна улога во ова истражување. Физичарите го читаат и мерат, одигрувајќи сцени од кратките приказни во него. Драмската адаптација на Ивана Нелковска го создава сврзното ткиво меѓу сцените…