„Откако ќе ја „пробиете“ формулата, сцените одеднаш не се толку занимливи, иако го задржуваат вниманието до самиот крај.“

Од изведбата на 43. МОТ, на 25.09.2018 Режија: Кокан Младеновиќ. Продукција: Народен театар - Битола.   „Прво беше темно, па би светло, па Господ ги направи Македонците!“ Со зурли, тапани и изненадувачки - рап нумери, започна почетокот на претставата „Но(е)ва Македонија“. Ансамблот од првиот момент ја нападна сцената. На неа, колосалните дрвени ребра на звучната Ноева Арка се прошарани со платна во македонското жолто и црвено. Облечени во шлемови на антички воини, актерите како да водат војна со тој необичен…

...„ќе продолжи да зрее со секоја наредна изведба со што може да се развие во ново капитално дело од македонскиот театар.“

Кон изведбата на „Црнила remix“ на МОТ 2018. Идеја и режија на Јордан Симонов, работена според „Црнила“ на Коле Чашуле. Како да се интерпретира убиството на идеалите за да се понуди свежо видување и за оние кои веќе виделе неколку постановки на „Црнила“ и за младите за кои култниот текст на Чашуле е „само уште една лектира“? Оригиналноста на „Црнила remix“ лежи во музичката обработка на приказната - резултат на соработката меѓу Симонов и хип хоп екипата „Зад аголот“. Претставата…

„Андоновски промислено ја остава сцената скоро празна и го дава главниот фокус на Спировска и на Селма. „Јас, Селма“ има срце, затоа што Симона Спировска игра со срце.“

Од изведбата на „Јас, Селма“ на 20.05.2018, во МКЦ. Режија: Милош Андоновски Игра: Симона Спировска Монтажа на звук: Сашко Потер Мицевски Во монодрамата  „Јас, Селма“ , ја запознаваме Селма, која пребегнува во Македонија во последниот момент пред да се затворат границите. Срамежлива и повлечена, пелтечи кога треба да говори македонски. Во фиктивната блиска иднина во која се случува дејството, таа се запознава со актерката Симона Спировска, која треба да ѝ помогне да го научи јазикот. Низ интеракцијата на Селма со Симона,…

„Приказната е скоро совршена, лесно и брзо се развива, а притоа има и пресврт преку кој режисерот си игра со вашите чувства, гледишта и морален суд.“

Оцена: 8.5/10 Летото претставува симбол на слобода, насмевка, љубов и авантура, а култниот Ингмар Бергман нè враќа на почетокот на филмскиот жанр именуван драма/романса. Шведскиот режисер Бергман со овој филм покажува зошто го носи епитетот култен филмски уметник. Носителот на дури 9 номинации за „Оскар“ од филмската академија постави постулат за современата, модерна драма/романса од кого сите нови режисери црпат инспирација. „Лето со Моника“ е црнобел филм од 1953 година сниман со ограничен буџет, кој е едвај одобрен од  филмската…

...„црна комедија која целосно ja прифаќа и слави немоќта на луѓето да се справат со ситуациите во кои се наоѓаат.“

Кон „Болница“ во режија на Џо Стромгрен и продукција на Џо Стромгрен Компани. Оцена: 3/5. Апсурдноста во уметноста не значи дека нештото логички е невозможно, туку дека нештото е невозможно за човекот. Уште со популаризацијата на ова движење во 20-тиот век, литературата и останатите видови на визуелни уметности се обидувале да ја прикажат и воедно критикуваат човековата тенденција да бара смисла во животот и да не успее да ја пронајде, поради нејзиното непостоење. Во 21виот век пак, театарската трупа на Џо Стромгрен…