„Петар Милошевски е доволно храбар, „луд“ и талентиран да преземе емоционално оптоварувачка тема и да ја обработи на визуелно спектакуларен начин во вид на соло перформанс. “

Кон „Пасија по Биби“, соло-перформанс, текст, светло, музика и дизајн на Петар Милошевски. Оцена: 5/5. Култниот статус кој го добил „Блејд Ранер“ во 80тите години од минатиот век поттикнал низа на морални прашања кои се релевантни и ден денес. Право-пропорционално со развојот на технологијата расте и идејата за дигитална интимност и емоционална исполнетост. Дали луѓето, со помош на најсовремените апарати, очекувано напуштаат напори за вистинско поврзување? Хаотичниот и брз начин на живот не ни дозволува многу слободно време, па дали…

„Триото девојки пред камерата одлично си ја вршеа својата работа со секоја реплика која беше дел од нив и тоа неизбежно се гледаше на платното, во очите, изразот на ликот и говорот.“

Кон „Неподносливиот бескрај“ во режија на Франц фон Стролхен, по текст/филмско сценарио на Кристиан Винклер. Претстава/перформанс како дел од официјалната програма на Млад отворен театар МОТ 2018 „Кино Култура“/22:00ч/23.09.2018. Оцена: 2.5/5. Како да се стигне од Грција до Австрија без да ги забележите трагите на оние кои барале/бараат утеха во нов дом, бегалци од сите страни? Како да поминете низ границите кои се пред вас без да сочувствувате со приказните кои ве среќаваат по пат? Љубопитноста, потребата да се видат…

...„добар пример за тоа дека за квалитетна претстава е доволна една јасна порака, идеја како да ја пренесете и ансамбл кој знае тоа да го направи.“

Од изведбата на фестивалот Млад отворен театар, 24.09.2018. Кореографија: Искра Шукарова, Урсула Еагли. Играат: Студентите на ФМУ и  Габриела Трајчевска. „Сонував чудна шума... имаше сѐ!!“ Во фоајето на Македонската филхармонија, тивко и ненаметливо започна изведбата на „Чудна Шума“. Вработените во објектот мораа да ги замолат гостите, задлабочени во дискусија, да го насочат своето внимание кон трите млади танчари кои се појавија меѓу нив. Без музичка подлога, во тишина, почетокот на перформансот се гради повеќе на внимателно одбрани пози, отколку на…