„Додека екипата балансира помеѓу филмот и театарот, нивната вешта синхронизација веќе станува предвидлива и досадна со секоја измината минута.“

Висок данок и висок напон, високи позиции и високи очекувања. Отворањето на Млад отворен театар 2018 им припадна на Collectif Mensuel од Белгија со претставата „Блокбастер“. Во описот на претставата стои дека станува збор за филм-пародија, создаден со повеќе од 1400 кадри извадени од 160 холивудски филмови. Оваа масивна монтажа создава приказна која го опишува светот како место во кое високата класа го диктира квалитетот на живот на обичниот народ. Развојот на дејствието е клише борба помеѓу доброто и злото,…

„Маестралноста на „Блокбастер“ лежи во прецизната дијагноза на социо-политичките циклуси и нивната универзалност, во комбинација со способноста за „приземјување“ на приказната во локалниот контекст преку употреба на само една обична парола.“

Кон белгискиот филм-пародија „Блокбастер“ во продукција на Collectif Mensuel, кој го отвори 43-тото издание на фестивалот Млад отворен театар. Оцена: 4/5. Која е најдобрата утописка визија за иднината? Како таа да се претвори во реалност без притоа да се поттикнат нови непријатности? Имаме ли како човештво План Б за решавање на некои од најголемите потенцијални конфликти, настрана од прогласување вонредна состојба? Пародијата „Блокбастер“ ги отвора сите овие прашања, но одговорите се во најмала рака апстрактни. Иако се доволни за да…

...„како што Мартин Скорсезе си поигрува со психата на гледачот во „Островот Шатер“, така Алекс Пина ќе ве натера да се запрашате за моралниот суд и да изберете страна во „Куќа на парите“.“

Оцена: 9/10. Акција, трилер, драма, романса, мистерија... Во ера на експанзија на играните ТВ серии, кога најголемите продуцентски куќи скоро секојдневно имаат премиера, навистина е тешко да се одржи чекор со сите нови, популарни серии. Некои од нив го оправдуваат фактот дека се тема на дискусија во секој наш социјален круг, а пак некои постепено разочаруваат. Сега, ќе свртиме нова страна на вашата листа од омилени играни серии и ќе додаме ново име: „Куќа на парите“. „Куќа на парите“ е…