„Протагонистката не е раскажувачот, но камерата внимателно го следи секој нејзин чекор во ограничениот и минимално осветлен простор додека таа говори.“

Кон „Другата страна на сè“ во режија и кинематографија на Мила Турајлиќ. Оцена: 4.5/5. Распадот на Југославија е обработуван многупати - во форма на филм, телевизиска програма, книги, ликовна уметност. Не е ништо модерно, ниту нешто за кое што немаме слушнато претходно, но влијанието што го има во предмилениумската генерација е огромен. Приказните и емоционалната штета која војната ја направила врз граѓаните на Србија и Хрватска е буре без дно кое може никогаш нема да пресуши. Што тогаш треба да…

„Храбар чин на режисерката да го открие својот идентитет, да се соочи со болката, да ја подигне свеста кај сите оние кои биле жртви на сексуално насилство, гласно да проговорат и да се ослободат од тежината која ја носат.“

Оцена: 6/10. Ретко кој сака да зборува отворено за своите проблеми, стравови и претрпени трауми.  Понекогаш како чудни се окарактеризирани оние кои ја покажуваат својата кревка страна и слободно ја отвораат вратата до нивните длабоки рани. За жал, така е во нашата земја, во Македонија. Свеста кај луѓето за овие психички растројства како депресијата сè уште е на релативно ниско ниво, овие состојби се третираат како избор. Не, стравот не е избор, депресијата не доаѓа сама по себе, а ниту…

„Режисерите се поставуваат во животите на фамилијата Серано како невидлива оска околку која природно се одвиваат работите.“

Оцена: 7/10. Во моментите кога сме најранливи, кревки и потиштени секогаш се потпираме на најблиските. Во човековата природа е да побараме помош од луѓето во кои имаме најмногу доверба. Семејството скоро секогаш доаѓа на прво место кога станува збор за овој круг уѓе, па „Америка“ е една вистинска приказна за братската љубов, сплотеноста и потврда на поговорката „Сложни браќа куќа градат“. Американското дуо Ерик Стол и Чејс Вајтсајд се режисери на овој долгометражен документарен филм. Стол е воедно и снимател, а учествува и…

„Текстот на Јанков, во римуван стих, дава особена мелодичност на претставата и го задржува вниманието до самиот крај. Наративот е занимлив, загадочен и лесно следлив. Минималистичката сценографија на Ставрев користи внимателно уредени елементи заедно со нарацијата на дворскиот шут за да ги обележи локациите на сцените. “

Во „Царот Владислав“,  режисерот Бранко Ставрев  го води ансамблот на НУЦК Антон Панов од Струмица низ интригите и заговорите кои го заокружуваат распадот на Самоиловото царство.  Ставрев, инспириран од елизабетанскиот и средовековниот театар, ja поставува ја изведбата во ритам со текстот на Борис Јанков. Нема да згрешите ако приказната за Царот Владислав ја наречете „Македонскиот Макбет“. Taa говори за внатрешните конфликти, за корупцијата на моќта и на тие кои трагаат по неа.  По смртта на Цар Самоил, неговиот син кнез…

...„дозволува да се види едно екстремно, срцекршачко и нефилтрирано малтретирање во реално светло. Постои огромна доза почит во портретот на еден толку несимпатичен лик како Ирина Винер, што ја прави оваа полско/германско/финска копродукција брилијантен пример за режирање на реалноста.“

Кон „Над возможното“ во режија на Марта Прус и кинематографија на Адам Сузин. Оцена: 5/5. „Ти не си човечко битие, ти си атлетичарка“ сурово возвраќа Ирина Винер, руски професионален тренер и можеби најодбивната личност на филмско платно по ЛаВона Хардинг во „Јас, Тоња“. Постои горчлива иронија што нејзиното презиме е англискиот еквивалент на „победник“ зашто нејзините неортодоксни методи им донеле злато на над 23 индивидуални ритмички гимнастичарки. „Над возможното“ сепак не е нејзина приказна туку претставува интимен портрет на младата…

„Потрошено е малку време за да се прикаже емоционалната нестабилност на протагонистката во однос на индивидуалните кадри од природа, жители и ракови. Најголемиот антагонист - центарот за задржување на емигранти е виден само еднаш.“

Кон „Остров на гладните духови“ во режија на Габриела Брејди и кинематографија на Мајкл Латам. Оцена: 3/5. Божиќниот остров во срцето на Индискиот океан се одликува со многу природни убавини. Тропска клима, огромна популација ракови кои уживаат големи права во полза на нивно размножување, недопрени и сурови шуми. Едно од последните откриени места на планетата Земја, овој остров крие и не толку позната тајна - тој е домаќин на еден од најголемите центри за задржување имигранти во Австралија уште од…

...„актерите се соголуваат целосно емотивно, актерската игра е доведена до совршенство, разголувањето само го намалува впечатокот.“

Кон претставата „Доктор Фауст“на Битолски народен театар, одиграна на Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Оцена: 4/5 Доктор Фауст е протагонист на класична германска легенда базирана на историскиот лик Јохан Георг Фауст, која била и е инспирација за бројни литературни, филмски, драмски дела, музика. Најпознати се драмските текстови на Гете и Кристофер Марлоу. Зборуваат за човек, Фауст, со нескротлива жед за целото земно знаење и телесни задоволства кој, со цел да ги добие, ја отфрла шансата за влез во…

...„режисерот успеал да направи многу работи за претставата, но ја запоставил актерската игра. Претстава во која револуцијата ќе биде далеку од сцената на која треба да се изведе.“

Затни ги ушите. Има револуција. Таму, некаде. Од изведбата на „Клетници“ на 9-ти јуни на Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп при 53-тото издание на Македонскиот Театарски Фестивал. Оцена:3/5 Претставата е работена според истоимениот култен роман на Виктор Иго, во драматизација на Горјан Милошевски и режија на Мартин Кочовски. Музиката е на македонскиот бенд Фолтин (дел од членовите на бендот и играат и во претставата), додека костимографијата, сценографијата и дизајнот на светло се на Јулијана Војкова Најман. Играат: Владимир Ѓорѓијоски, Александар…