„Секоја приказна има две страни, гледишта за кои може да се зборува, дебатира, но војната има само едно лице, а тоа е низ објективот на Сајмон Вилмонт. Документарен филм кој е вистинска, страшна слика за „актерите“ односно самите наратори.“

Кон „Далечниот лаеж на кучињата“ во режија на Сајмон Леренг Вилмонт. Оцена: 9.5/10. Секогаш ми било тешко да пишувам за работи кои ги немам искусено во животот или немаат допрено до мене, но „Далечниот лаеж на кучињата“ не само што ми предизвика морници и солзи, туку и ме уништи. „Ми го зеде срцето, претвори во зрно, притисна и затвори во ладен свет“, најдобриот опис за филмот т.е. зборовите кои ги користи младото 10 годишно момче Олег објаснувајќи за тоа како ја…

„Желба, гнев, разочарување, но и надеж се испреплетени во кохезивна приказна која со помош на фокусот на камерата во Конрад и неговите движења придонесува кон сочувство и разбирање. “

Кон „Викај ме Тони“ во режија на Клаудиуш Хростовски и кинематографија на Микал Лука. Оцена: 4.5/5. Животот на еден типичен 18 годишен тинејџер е навидум едноставен. Сè што треба е да учи за матурски испити, да одлучи за својата иднина преку изборот на соодветно образование, да биде добар во спорт/уметност за да има одобрување од своите врсници и да ги направи своите родители горди со сите свои животни одлуки. Ваквите притисоци кои се наметнати на едвај возрасни луѓе се сè…

....„одлична лекција за апологетите на еднаквите можности и сервирачите на мотивирачки цитати, бидејќи несомнено го тера гледачот да размисли дали и колку бил привилегиран во својот живот.“

Оцена: 4/5. Животот не почнува еднакво за сите. Нема секој еднаква шанса за благосостојба, иако многумина го тврдат тоа. „Фамилијата“ е одличен реален приказ за тоа. Во вистинска Фројдовска смисла, документарецот на словенечкиот режисер Рок Бичек, негов втор долгометражен документарен филм после „Класен непријател“ од 2013, покажува дека односите кои личноста ги има со родителите и најблиското семејство го дефинираат, моделираат и ненужно, но најчесто му го поплочуваат патот низ животот. Бичек своето брутално реалистично дело го снима во период…

„Одлуката да им се даде тотална слобода со движењето на камерата во просторот дозволува за час и 13-минутна одисеја во трагикомедијата што се нарекува пост-југословенско општество.“

Кон „Денови на Лудило“ во режија на Дамјан Ненадиќ и кинематографија на Маја Счуканец, Младен Баџун, Срѓан Ковачевиќ, Дамјан Ненадиќ. Оцена: 4.5/5. „Хомосексуалноста е грев, трансродовоста е грев, па зошто тогаш не го прогласат и национализмот како грев?“ - прашање кое целосно ја опфаќа средината во која живеат Maja Счуканец и Младен Баџун, хероите без наметки во долгометражното првенче на хрватскиот режисер Дамјан Ненадиќ. Замислете двајца пациенти на кои режисерот им дал камера да ги снимаат секојдневните активности. Скокајќи од…

...„добро осмислена медитација на тема суштината на сопственото постоење, љубовта кон најблиските, храброста да се живее и покрај сите проблеми и стравови.“

Кон „Лику - романска приказна“ во режија, кинематографија и монтажа на Ана Димитреску. Звук и музика на Џонатан Босеј и Курцио Доменико. Оцена: 5/5. „Јас сум единствениот кој наполни 90 години … продолжувам да живеам сосема сам, со своите спомени“. Како изгледа осаменоста во која единствени другари се личните предмети кои содржат приказни за едни други времиња? Колку политичко-економската ситуација влијае врз нашата благосостојба, сега и во иднина? Дали е грев да си верник или поголем грев е да ги…

...„естетиката на гнила земја каде надежта прва умира е совршено запазена и пулсира со чувства на сожалување, гадење и безизлезност.“

Кон „Фамилијата“ во режија и кинематографија на Рок Бичек. Оцена: 3.5/5 Крв, графички и нефилтриран приказ на породување на една жена и куче, телесни течности и ѓубре. Cinéma vérité како форма на документарен фимски приказ не се труди да ја скрие бруталноста и суровата вистина зад камерата, ниту пак да покрие вел на надеж врз животот на младиот Матеј кој е протагонист во емоционалниот ролеркостер на словенечкиот режисер Рок Бичек, „Фамилијата“. Снимен во реално време во период од 10 години,…

„Од една страна клаустрофобичното, магливо мало гратче од кое е тешко да се излезе, малиот број на ликови кои се појавуваат во филмот и едноличноста на животот таму. Од другата страна, имагинацијата и младешкиот ентузијазам на Конрад, кој на почетокот од филмот изгледа бесконечен.“

Оцена: 3/5. Замислете го “Lady Bird”, без холивудски тим, без накитено сценарио и позната актерска ѕвезда, со вистински машки лик, сместен во рурална Полска. Така ќе го добиете „Викај ме Тони“, документарен филм на полскиот режисер Клаудиуш Хростовски, чиј кинематографер е Мичал Лука, монтажата е на Себастиан Малик, а зад звукот стои потписот на Олга Пастернак. Овој документарец за животот на 18-годишниот Конрад Сервотка е типична приказна за растењето и созревањето, недоумиците кои ги носи станувањето возрасен и тешкотиите човек…