„10 филма, лежерна проекција и пријатен ветар во споредна улога, ладни пијалоци и полска музика - пикникот беше 7-часовен настан кој успеа каде што малку успеале претходно - успешно да победи летна монотонија во полумртов град. Уште четврток да беше утре.“

Со десет краткометражни документарни филмови, победници на Филмскиот фестивал во Краков од 1961 до 2000 година, вчера во Музејот на современа уметност во Скопје беше најавено деветтото издание на „Македокс“. Самите организатори на фестивалот сметаат дека токму во таа бројка -  девет – има нешто магично - зошто бројот 9 според нив вибрира со ексцентричност, визионерство, генијалност, неконформизам. Судејќи од претфестивалскиот настан „Полски Пикник“ кој послужи како мала закуска пред големиот оброк, темите кои ги обработуваат избраните филмови суштински ја…

...„не е само студија на еден карактер, туку заедничка работа на цел ансамбл каде сите актери успеваат индивидуално да ја доловат болката која кучињата ја чувствуваат кога се отуѓени од своите човечки сопатници, па и крајната реализација дека иако постојат луѓе кои ги сакаат, нив никој не ги поседува.“

Кон „Остров на кучињата“ во режија на Вес Андерсон, кинематографија од Тристан Оливер, музика од Александре Десплат. Оцена: 5/5. Кучињата, кои се протагонистите во новиот анимиран филм на американскиот мајстор на естетиката, Вес Андерсон („Големиот Хотел Будимпешта“, „Кралските Тененбаумс“), касаат, се тепаат меѓу себе за храна, но никогаш не лаат. Тие зборуваат на перфектно концизен aнглиски јазик со таков смирен и на моменти меланхоничен тон додека демократски одлучуваат за нивниот следен чекор во безизлезната ситуација во која се имаат најдено.…