„Шармот на претставата е непобивлив, но инструментите се раштимани и неусогласени, па не го доловуваат целиот сјај на приказната.“...

Што се топи побрзо во една претстава: симболичниот снег на сцената или ентузијазмот за игра на ансамблот? Кон изведбата на „Зимска бајка“ на Шекспир Битола Фeстивал 2018. Режија: Дино Мустафиќ, продукција: Црногорски народен театар. Оцена: 3/5. Наместо студена атмосфера преку која на сцената во Центарот за култура во Битола ќе оживеат ликовите од Шекспировата „Зимска бајка“, големиот ансамбл од Црна Гора одигра „разводнета“ верзија од претставата поставена пред неполна година. Иако сите аспекти од претставата технички беа „на место“, недостигаше…

„Недостатокот на звуци или минималните шумови го изоструваат увото и држат во состојба на будност и исчекување дека нешто ужасно ќе се случи.“

Оцена: 4/5 „Тивко место“ (A Quiet Place), третиот долгометражен филм на режисерот и актер Џон Красински, е остварување кое го „превртува“ шаблонот за хорор-трилер наопаку. Ги следи и преработува клишеата од различен агол и нуди необичен исход на нешто што вообичаено би бил типичен, здодевен и веќе виден пост-апокалиптичен хорор. Работен е според сценарио на Скот Бек, Брајан Вуд и Џон Красински, кој освен режијата и сценариото, и самиот глуми во филмот. Покрај него, главните улоги ги толкуваат Емили Блант,…