„Меѓу Паковиќ и дуото актери не недостига координација, но честите прекинувања на сцените меѓу актерите не дозволуваат да се создаде доволно наративна инерција за расплетот да има вистински, емотивен удар.“

Кон изведбата на „Отело – незаконска литургија“  на Шекспир Битола Фестивал 2018. Режија: Златко Паковиќ, продукција: Театар Верди – Задар, Хрватска. Со „Отело –незаконска литургија“, Златко Паковиќ ги врзува се’ уште отворените рани на денешна Европа со таа, историската на Шекспир.  Во претставата која е предавање, и предавањето кое е претстава, Паковиќ ја соголува фабулата до коска. Самиот директно учествува во својата претстава, како Хорот. Облечен во касапска престилка, вели: „Секогаш кога се работи Шекспир, облечете престилка, затоа што ќе…

„Изморена и вознемирена, публиката аплаудираше на очигледно незавршена сцена што е дополнителен показател за неодржливото темпо на претставата и изгубениот ентузијазам на гледачите.“

Кога деловите од сложувалката не се усогласени. Кон „Клетници“, работена по романот „Клетници“ на Виктор Иго, првонаградена на 53тото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Режија: Мартин Кочовски, продукција: Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп. Оцена: 2/5 По речиси месец дена од изведбата на „Клетници“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, сѐ уште си ги поставувам истите прашања. Со ризик да звучам арогантно, навистина ме интересира што би рекол Виктор Иго ако дознае дека неговата приказна за француската револуција била претворена во еден…