...„рамномерното, брзо темпо на репликите, визуелните и звучните ефекти, не дозволува на површина да излезе најважното – приказната.“

Од изведбата на iHamlet, во програмата на Битола Шекспир фестивал, 26.06.2018 „Не можеш ни да забрзаш, ниту да премоташ, како да си на некој тобоган на кој не знаеш ни како си се качил“ Сценограф и тонски техничар киднапираат режисер и четири актери и им ги нафрлаат сите разумни и неразумни барања кои можете да ги замислите. Плашејќи се за својот живот, трупата и режисерот се согласуваат на сѐ.   Отприлика така може да се опише поставувањето на iHamlet на театарот…

„Младеновиќ и трупата во длабокиот мрак наоѓаат зрак светло и го споделуваат со светот.“

Од изведбата на „Сонет 66“ на Битола Шекспир Фестивал, 25 јуни, 2018 Режија: Кокан Младеновиќ (Kokan Mladenovic) Игра: Csiky Gergely Hungarian State Theatre Timisoara “Tired with all these, for restful death I cry..." Шекспировиот Сонет број 66 е атипичен по својата конструкција. Повеќето негови сонети  најчесто имаат пресврт, од  темно на светло, со доза на надеж  во себе. Светогледот на Шекспир во овој сонет останува мрачен скоро до самиот крај.  Кокан Младеновиќ и Унгарскиот народен театар Цсики Гергели од Тимисоара…

„Де Бреа поставува специфична актерска игра која се темели на дистанца и дозирана емоција, така што публиката е свесна дека без разлика на недостигот од експресирана емоција, сепак таа ја има и е поблиска на секој од нас, што низ секојдневието се справува со предизвиците на животот.“

(За претставата „Крал Лир“ од Вилијам Шекспир, во режија на Диего Де Бреа, продукција на Турски театар – Скопје)             Колку и да е сложено читањето и/или поставувањето на Шекспир (а се смета повеќе за такво, отколку што е), секогаш треба да се знае основното, дека во секоја од неговите драми постои водечка емоција што тој ја прикажува преку драмата на централните ликови. Диего де Бреа е еден од ретките режисери кои во своите драматуршки интервенции го чита Шекспир на…

...„комплицирана за следење, дури и за возрасната публика која добро ги познава овие приказни. Неконзистентната употреба на раскажувачките реплики и промените во актерите кои го играат раскажувачот уште повеќе го комплицираат текот на настаните, затоа што така публиката губи едно од малубројните „сидра“ кои ги поврзуваат приказните.“

Осврт кон премиерата,  на 20.06.2018, во Скопје. Режија: Кренаре Невзати, продукција: Театар за деца и младинци - Скопје. Разговараат Атанас Димитров и Јована Ѓорѓиовска А: Сонот на Вилијам е храбра, но и проблематична претстава.  Умешноста во тоа да се изведе колаж е во тоа секое дело да ја покрие голотијата на тие кои зјаат околу него, а колажот да е повеќе од само сумата на своите делови. За текстови кои се „свети“  како тие на Шекспир, предизвикот е уште поголем…