„Просечен кастинг и недоволно разработен текст, кој не успева да се носи со стандардите на 21 век се лоши дамки на една претстава, која има огромен потенцијал."

Кон „Дух“ од Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јанаќиjевиќ, продукција на МНТ. „Хамлет“ од Шекспир е класична трагедија, која и до ден денес инспирира илјадници театарски режисери. Таа исто така влијаела и на развојот на светската кинематографија, најмногу преку адаптацијата на сер Лоренс Оливие во 1948 и од таа на Кенет Брана во 1996. Младиот принц Хамлет е воден од желбата да го одмазди убиството на својот татко. Примамливоста на ова дело лежи токму во начинот на кој се…

„Јаниќијевиќ прикажа солиден филм, но постави претстава, која е само гледлива, не и впечатлива.“

Од изведбата на „Дух“ во понеделник,  21.05.2018 Овој понеделник, сетилата на  публиката во МНТ беа бомбардирани со аудиовизуелен напад од разорни пропорции. Сите 20 илјади вати енергија во сабвуферите на големата сцена ржеа  како земјотрес, знамиња се виореа, битки се биеја. Човечки судбини се кроеја, а почесто, се раскројуваа.  Станува збор, секако, за изведбата на „Дух“, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Текстот  на Дејан Дуковски е заснован на лајтмотив од Шекспировиот „Хамлет“ , конкретно мотивот за одмазда на Хамлет,  на…

...„режисерот со минималистички пристап приоѓа кон водењето на обемната содржина, играта со говорот, и музиката, ги користи до самиот крај и тоа е сѐ што му е потребно за да го прикаже епското на сцена."

Кон „Царство Небеско“ 23.05.2018/ 19:00ч МНТ Гостување на Српско народно позориште „Имагинацијата е најголема привилегија на човековото постоење“ Јернеј Лоренци пика балканика“ е поднасловот на оваа претстава, затоа што со себе го носи средниот век од овие простори, српската епска поезија, митологијата и митоманијaта со која работи самиот режисер. „Царство Небеско“ на најубав можен начин преку епскиот стих и се обраќа на домашната публика. Поставката  е копродукција на Српскиот народен театар и Битеф театарот премиерно одиграна на 51-то издание на…