„Клишеата, кога се добро употребени, ја прават поефикасна и постегната приказната, но премногу е да се очекува дека ќе можат да ја издржат целата тежина на еден двочасовен филм на своите рамења.“

Во Обликот на Водата, Сели Хокинс ја игра Елиса Еспозито, нема жена, која како дете била најдена на брегот на некоја река, со пресечени гласни жици. Нејзините единствени пријатели се Џајлс (Мајкл Стулбарг), неуспешен илустратор на крајот на својата кариера, и Зелда (Октавија Спенсер) , со која Елиса работи заедно како чистачка во воената база, во која се извршуваат разни тајни експерименти. Кога ќе отиде на работа во базата, Елиза случајно се запознава со речно суштество, познато само како Средството,…