„Целиот филм е полн со сцени кои не придонесуваат за некаков развој на карактерите, туку напротив, додаваат непотребно дополнителна драма.“

Кон „Мрзливец“ во режија и сценарио на Алекса Стефан Радуновиќ, кинематографија на Гален Хумбер. Оцена: 1/5. Според официјалната статистика на Еуростат, во балканските држави е огромен процентот на млади од 18 до 34 години кои живеат со родителите. Во Македонија во 2016 тој процент изнесувал 73,3 %, додека пак во Србија 67,6 %. Овој факт е поразителен за прогресот на општеството и кажува нешто за квалитетот на животот на Балканот. Токму таа фрустрација на немаштија е инспирација за долгометражното првенче…

...„детално промислена претстава која носи свежина во македонскиот театар.“

Кон „Физика на тагата“, изведена на Бела ноќ (06.10.2018) во Скопје. Режија: Милош Андоновски, продукција: Театар Куманово.   1. Тела кои мируваат или се движат рамномерно праволиниски настојуваат да ја задржат таа состојба сè додека на нив не дејствува некоја надворешна сила. Првиот Њутнов закон совршено ја опишува состојбата во македонските институционални театри - блажена инерција, сè додека некој „од надвор“ не ја промени насоката. Институционалното првенче на Милош Андоновски укажува токму на потенцијалните насоки за развој на македонскиот современ…

...„нуди оригинално, проникливо согледување на модерниот полицаец, зад кој, како и зад сите други се крие еден несовршен, самосвесен – човек.“

Уште во првите неколку минути на „Полицајци“ (Cops) се забележуваат влијанијата на семиналните американски полициски драми и акциски филмови врз режисерот Стефан Лукач (Stefan Lukacs), подобро познат како Истван. Тематските поврзаности со приказните на „End of Watch“, „The Departed“, „SWAT“ и „The Wire“ се очигледни. Сличностите со овие филмови завршуваат со начинот на кој Истван ја обработува оваа материја, црпејќи инспирација од нив, но останувајќи со нозете цврсто на европско тло. Младиот полицаец Кристоф (Лоренс Руп/Laurence Rupp) отсекогаш знаел дека сака да…

„Краткото времетраење дозволува танцот и моментите на физичка комедија да го задржат вниманието, но без очекуваното драмско или драматуршко поентирање.“

Од изведбата на „Болница“, 26.09.2018. Автор,Режија, Кореографија, Сценографија: Jо Стромгрен (Jo Strømgren) Продукција: Јо Стромгрен Компани (Jo Strømgren Kompani). Убавината на минијатурните светови на Јо Стромгрен е во нивната силна внатрешна логика. Неговата „Болница“, која играше на 43 МОТ на 26.09.2018 е уште еден пример за тоа. Најголемиот дел од дијалогот е на „измислен“, бесмислен Исландски јазик, па приказната ја дознаваме преку гестови, говор на тело и занимлива танцова кореографија. Три медицински сестри (Guri Glans, Gunhild Aubert Opdal, Ingri Enger…

...„храбар потег за дебитантски филм на режисерката Адина. Таа создава експериментално филмско дело со примеси на документарен филм кое плени со одлична актерска игра, фантастична кинематографија и разновидна симболика.“

Бел, меланхоличен свет на режисерска иновативност и експлицитна сексуалност Оцена: 6.5/10. Во ера кога блокбастерите на Холивуд само ја начнуваат темата „сексуалност и интимност“, а филмските остварувања ги филуваат со сценарио и приказна, Европа не останува покуса, туку напротив, навлегува во сржта на темата. „Не допирај ме“ е дебитантски долгометражен игран филм на 38 годишната Адина Пинтилие, кој се наметнува како личен истражувачки експеримент на храбрата романска режисерка. Режисерката е дел од приказната која балансира на јажето помеѓу реалност и…

...„некохезивен, приказната нема смисла, а дупките во логиката на сценариото се толку големи што самиот режисер има изјавено дека „Жртви мора да се направат“.“

Кон „Веном“ во режија на Рубен Флejшер, кинематографија на Метју Либатик, музика на Лудвиг Горансон. Оцена: 1/5. Кристофер Нолан во веќе култниот „Почеток“ го популизира влијанието и моќта на една идеја. Таа е заразна и не го напушта носителот долго време, сè додека не ја истражи доволно. Можеби не треба да е чудно што во денешната клима на најмалку 5 филмови со супер-херои годишно се јавила токму идејата за продуцирање на филм како „Веном“. Всушност, под знак прашалник е тоа…

„Прекрасна музичка драма со маестрална музика и убава приказна. Глумата е на највисоко ниво, а трошните недостатоци се невидливи поради одличната соработка на главните актери.“

Оцена: 8/10. Талентот е важен, но дали и пресуден за успех? Музичката драма „Ѕвездата е родена“ е режисерско деби на американскиот актер Бредли Купер и прва главна улога во игран филм за пејачката Лејди Гага во ликот на Али. Сценариото датира од далечната 1937 година, а ова е дури 4-ти римејк на филмското платно. Џексон Меин (Бредли Купер) е познат кантри музичар кој по својот концерт, во недостаток на алкохол оди до најблискиот бар да продолжи со забава. Во барот…

„Филмот е пристапен и длабок како гласот на Бредли Купер исто колку што силно сјае актерската ѕвезда на Лејди Гага.'

Кон „Ѕвездата е родена“ во режија на Бредли Купер, кинематографија на Метју Либатик, сценарио на Бредли Купер, Ерик Рот и Вил Фетерс. Оцена: 4/5. 21 ви век е и трендот по носталгијата не запира. Филмската индустрија во Холивуд се чини дека можеби нема повеќе оригинални идеи за сценарија, па медиумите се полни со вести за нови верзии на стари класични филмови. Дури и легендарниот режисер Стивен Спилберг го поддржува овој тренд - тој ќе го донесе класичниот мјузикл „Приказна од…

„Во 140-минутната визија на Паоло Маџели, комичниот и драматичниот аспект на претставата не градат доволна синергија, a за жал, не опстојуваат ни самостојно.“

Кон изведбата на  „Еден месец на село“ во МНТ, 18.10.2018 Режија: Паоло Маџели. Текст: Иван Сергеевич Тургењев. Драматургија: Желка Удовичиќ.   Сржта на дејството на „Еден месец на село“ е во приказната за младиот тутор Алексеј Бељаев (Стефан Спасов), во кој се заљубуваат мајката на неговиот ученик, Наталија Петровна (Сашка Димитровска) и нејзината млада штитеничка Вера Александровна (Дарја Ризова). Истовремено, помеѓу нив и останатите ликови се случуваат уште неколку успешни и неуспешни љубовни врски. Режисерот Маџели наметнува галопирачко темпо на…

„„Железната приказна“ има стаклени нозе, а „Обид за среќна приказна“ успева од прва.“

„Железната приказна“ има стаклени нозе До каде сме подготвени да одиме за тие што ги сакаме? „Железната приказна“ на Златко Калеников го разгледува ова прашање. Перхан (Бајрам Северџан) е приведен во полициската станица заради кражба на старо железо. Неговиот распит е брзо прекинат со пристигнувањето на неговата сопруга (Јелена Јованова-Периќ) и неговата посвоена ќерка Фати (Моника Бошковиќ). Дознаваме дека Фати знае повеќе од Перхан за тоа како старото железо се нашло во неговиот двор. Преку „Железната приказна“, Калеников се обидува…