Од изведбата на „Физика на тагата“ на Бела Ноќ, 06.10.2018, во Скопје. Режисер: Милош Андоновски Изведба: Театар Куманово Има ли тагата вкус, мирис, боја? Може ли да се измери? Да се процени или пресмета? Тим на искусни физичари тргнува да ги открие овие одговори. Романот на Георги Господинов, „Физика на тагата“, има важна улога во ова истражување. Физичарите го читаат и мерат, одигрувајќи сцени од кратките приказни во него. Драмската адаптација на Ивана Нелковска го создава сврзното ткиво меѓу сцените…
„Претставата ја транспортира публиката на сцена, а ликовите, извлечени од колективната потсвест, одѕвонуваат во иста фреквенција со нејзиниот внатрешен монолог.“